Реклама
Прилози

Бугарската асимилација си тече: По Македонија и Албанија, Румен Радев отиде во Косово да бара Бугари

Агресивната асимилаторска кампања на Бугарија не престанува, и тоа во целиот регион.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агресивната асимилаторска кампања на Бугарија не престанува, и тоа во целиот регион. По Македонија, па обидите да се асимилираат Македонците од Албанија, сега на ред дојде и Косово. Викеднов таму во посета беше бугарскиот претседател Румен Радев. Според него, Бугари имало и таму, а неговата земја нивниот статус ќе го штитела искористувајќи го членството во НАТО и ЕУ.

-Сето тоа што го правите за развивањето на нашето малцинство тука во Косово, заштитата на правата интересите на вас, на нашите сонародници е приоритет за бугарската држава и мој личен приоритет како претседател на Бугарија. Ние продолжуваме со поддршката за вашата дејност тука, која што е исклучително важна. И можам да ви кажам дека Бугарија како член на НАТО и ЕУ, ќе продолжи да го реализира својот основен приоритет, кажа Радев вчера од Косово.

Посетата на највисоките политички претставници од Бугарија секаде во регионот, не е никаква новина. На отворањето на бугарскиот културен клуб во Битола беше поранешниот бугарски премиер Кирил Петков. Потоа во ненајавена посета на Скопје беше заменичката на Радев, Илијана Јотовоа. Таа во екот на пописот во Албанија, беше во најмакедонските села таму, Голо Брдо и Острени. Од каде порача дека Македонците се обиделе да ги асимилираат Бугарите во овие делови.

Реклама

Сепак вистината е сосем обратна. Од македонските здруженија за Алфа пред неколку месеци се пожалија дека токму Македонците се жртва на жестоки обиди за бугарска асимилијација. И од ОМД за Алфа вела дека она што го прави пред се Бугарија, е веќе видено сценарио и во Македонија и во другите држави. Според Гордан Јорданов, Бугарите го искористуваат тоа што Македонија не работи доволно за своето малцинство во другите држави.

Тие такви начини се постапувале многу пати и во Македонија, од страна на и бугарски, и различни државни да кажеме структури. Но, во случајот со Албанија е директно помагано и финансиски и општествено од страна на луѓето на кои најмногу им треба. За жал тоа не е никаква нова појава, тоа се случувало би можел да кажам и од Османлиската Империја. Мислам дека тоа им дава само слободен простор на другите државности да работат онаму, каде што ние како Македонија не успеваме да си ги заштитиме своите граѓани, изјави за Алфа директорот на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов.

Жестоките обиди за бугарска асимилација можеа да се забележа и директно во текот на пописот, кога во селата кои важат за македонски во Албанија, беше првиот човек на Фондацијата „Македонија“ од Софија, Виктор Стојанов. Неговиот обид да докаже дека таму немало Македонци, туку Бугари, изгледаше и малку смешен.

-Дојди. Чекај, чекај, Тука да ја поздравиш Бугарија.

-Кажи како се викаш?

-Ружди.

-Бугарин ли си?

-Да да.

-А тие деца Бугарчиња ли се?

-Да

-Што сакате, тетратки?…, беше еден од разговорите кои ги имаше Виктор Стојанов.

За притисоците кон македонско малцинство говореше и претседателот на партијата македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој е и пратеник во албанското Собрание. Тој порача дека Македонците кои живеат во Пустец, Врбник, Голо Брдо, во последниве години се изложени на агресиивна кампања за асимилација од бугарска страна.

Матеја Петровски