Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Алиу ги отфрла критиките за предизборни вработувања – вели дека тоа не биле нови, туку луѓе што биле привремено вработени

Вработување на административци без потпис на министерството за финансии. Ова е најновиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработување на административци без потпис на министерството за финансии. Ова е најновиот план на власта за полнење на јавниот сектор во пресрет на изборите. Со законски измени кои се веќе во собраниска процедура се отвора простор за вдомување на повеќе од илјада службеници. Толку барем засега е бројката на оние за кои во моментов има огласи за вработување. Идејата според Власта е за вработувањата да одлучуваат директорите, односно раководните кадри на институциите, што веќе го вјклучи алармот дека се прави простор за предизборни вработувања по партиски клуч. Власта сепак  се правда и уверува дека тоа не било така.

  • Тие не се нови вработувања, туку се вработувања на луѓе коишто преку агенциите беа дел од тие институции. Со новите закони, од 2025 година, нема да може да има вработувања преку агенција за привремени вработувања. 2024 година ќе биде година на оптимизација на човечките капацитети во сите институции според новите закони“, рече Алиу.

Тој ги отфрла критиките дека ова се предизборни вработувања.

  • Процесот е отворен, за да немаме вакви критики, не се донесе одлука директно истите луѓе кои со години работат да се префрлат од определено на неопределено, туку процесот е отворен и сега може да конкурираат и луѓе кои не се дел од тие институции“, рече министерот.

Наспроти оптимизмот од власта дека ова не било предизборен потуп, аналитичарите не се согласуваат со тоа. Владимир Божиновски смета дека Владата наместо да ја намалува јавната администрација, со овој предлог, директорите на инстуциите сами поттикнуваат зголемување на бројот на државни службеници.

Реклама
  • Тука има уште еден поголем проблем, а тоа е дека ќе се изгуби секаков вид на контола, колку толку што постоеше, во однос на новите вработувања. Едноставно наместо да идат тие нови вработувања преку еден центар, односно преку министерството за финансии. Кој што ќе може согласно буџетот, да види прво дали се неопходни, друго дали има пари за нив, сега буквално сите оние стотина министерства, институции, компании, акционерски друштва, кои се под државна капа, ќе можат сами да си вработуваат со што ќе се изгуби едноставно секоја можност за кава таква контрола за новите вработувања и може да настане еден своевиден колапс на системот, вели за Алфа универзитетскиот професор и аналитичар, Владимир Божиновски.

Новиот начин на вработување треба да стартува од први јануари, па така, секое министерство, претпријатие, акционерско друштво, агенција, општина сама ќе го прави планот за вработување, потврди министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој не гледа ништо спорно што предлогот е пред избори, и се правда дека тоа е дел од измените во Законот за буџет кој е во собраниска процедура.

Борис Грујоски