Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Обвинителката Соња Симовска ќе го заменува Јовески до изборот на нов републички обвинител

Успешен обвинител и менаџерка, која ќе се справи со предизвиците на позицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успешен обвинител и менаџерка, која ќе се справи со предизвиците на позицијата в.д. републички јавен обвинител. Само пофални зборови за Соња Симоновска од Советот на јавните обвинители кои во еден здив, едногласно, го испратија Љумобир Јовевски во пензија.

Ниту претседателката Душица Димитриевска не се воздржа да ја пофали Симоновска како обвинител со добра кариера зад себе. Одлуката паднала на состаноците зад затворена врата. Од вкупно осум обвинители кои работат во Републичкото обвинителство – членовите на Советот немале дилема за изборот на Симоновска, па на седницата сите девет членови кренаа рака „за“.

  • „Ние одржуваме не само јавни седници, туку и контакти меѓу себе, разменуваме мислења. Мојот предлог кој е поддржан, е овој кој се изгласа едногласно“рече Димитриевска

Симовска, од јануари лани до сега му беше заменик на Јовевски. Таа ја извршуваше и функцијата виш јавен обвинител во скопското Вишо јавно обвинителство. На јавноста и е позната од времето кога се распаѓаше СЈО, а таа го застапуваше обвинението за „Титаник 2“.

Реклама

Мандатот на Јовевски му завршува на 25-ти декември односно понеделник. Кога беше назначен за јавен обвинител во 2017-та година ветуваше дека ќе го враќа угледот на Обвинителството, но не само што не ја врати довербата кај граѓаните туку заминува од функцијата кога критики пристигнуваат од сите страни. Во изминатитот период, тој имаше амбиции да стане и уставен судија, со поддршка од владејачкото мнозинство, што заврши неуспешно иако беше подготвен да го прифати предизвикот.  

Во меѓувреме, завршен е огласот за избор на државен обвинител, и до Советот е доставено барање да се даде позитивно или негативно мислење за кандидатите за државен обвинител пријавени на оглас. Но договарањето за наследник на Јовески, тешко им оди на коалициските партнери. Тројцата кандидати кои пројавиле интерес да раководат со Обвинителството се  Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.

Сепак, огласот, може да пропадне, и да не биде избран, ниту еден од кандидатите, па ќе мора да се оди на распишивање на нов оглас..