Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Сметаат дека се омаловажувани: Македонските бранители од 2001-ва се жалат дека го допреле дното во 2023-та

-Ние се боревме за Македонија, во 2001-ва немаше партии. Сакаме едноставно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Ние се боревме за Македонија, во 2001-ва немаше партии. Сакаме едноставно да не третираат достоинствено затоа што го заслужуваме тоа, вели бранителот Мики Ристовски.

-Имаме една држава, Македонија, немаме две држави, вели бранителот Владо Томески.

Македонските бранители од 2001-ва во 2023-та го допреа дното, сметаат дека се омаловажувани од актуелната власт. Си ги бараат правата поради жртвата што ја дале за својата држава, но се жалат дека нема слух кај надлежните.

Реклама

-Моменталната состојба на бранителите е да не речам на дното и омаловажувачка во цело општество. Сега да се соочиме со здравствените проблеми што ги имаме. Лани почина бранител во прилепската болница, значи на клупа од тотална негрижа, изјави Тонески.

Меѓу бранителите има и луѓе кои поради воениот конфликт останале инвалиди. И тие се жалат дека немаат државна помош како што заслужуваат.

-Јас како воен инвалид немам добиено ништо , имам една минимална воена инвалиднина од 6.700, а терапијата што ја примам, терапијата некаде ме кошта 5.000. Со поминатото време, го изгубив слухот, видот го имам изгубено. Исто, немаме никаква поддршка од Инвалидскиот дом, од претседателот на Инвалидскиот дом. Тој располага некаде со 300-400 канцеларии, со станови, со коли, со одмаралишта, кај што ние немаме никаков пристап да дојдеме, изјави Сашко Голубовски, бранител и воен инвалид.

Инаку, директорот на ЦУК и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, предложи закон околу 10-тина семејства на бранителите да добијат по 70 илјади евра од државата. Но тие бараат сите, подеднакво да бидат третирани од државата што ја бранеа.

Матеја Петровски