Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Законот вели едно, политичкиот договор друго: Дали Талат Џафери смее да биде технички премиер?!

Недоследноста на Законот за Влада во однос на формирање на техничкиот кабинет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недоследноста на Законот за Влада во однос на формирање на техничкиот кабинет со Уставот, во однос на тоа кој треба да добие мандат за состав на влада создаде забуна дали најаватa дека ДУИ дека ќе го номинира Талат џафери за премиер е законска. Законот за влада предвудува премиерот да го предложи пратијата со најмногу пратеници, во случајов СДСМ, а не ДУИ.

-Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира партијата со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија, се вели во член 43 од Законот за Влада.

Спротивно на ова Уставот мандатот за составот на новата Влада треба да го добие партијата или пак коалицијата што има најмногу пратеници во Собранието. Токму на ова се повикуваат и премиерот Коавечвски и спикерот Џафери.

Реклама

-И денес и претходната Влада е коалициска Влада, и ако го погледнете мандатот кој што го доделува претседателот на државата, тој го доделува на коалиција која што има 61 најмалку пратеник во Собранието и така мандатот се доделува на оние кои што имаат 61 пратеник, изјави Ковачевски.

На слична линија е и Џафери кој смета дека прироритет има Уставотѕ, кој во правниот поредок е над законот.

-Ако законот вели партијата со најголем број пратеници, согласно Уставот Влада или премиер предлага коалицијата со најголем број пратеници. Значи иако во Законот за Влада така пишува, Уставот дава можност премиер да биде предложен од коалицијата која има 61 или повеќе пратеници, вели Џафери.

Инаку се погласно е мислењето дека вмрод-пмен и покрај тоа што се противи на назначувањето на Џафери за премиер, сепак треба да учествува во техничјката влада, пред се за да спречи евентуален изборен фалсификат. учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада може да се влијае во спречување на евентуален изборен поткуп и изборен притисок кој може да го направи власта, што впрочем е и предвидено кога се формираше Пржинската Влада.

Партѕијата во наредните неколи денови на седница на централниот и извршниот комитет треба да решат околу евентаулното влегување во техничката Влада.

Матеја Петровски