Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Расправата за Буџетот за наредната година добива на жестина во Парламентот

Расправата за Буџетот за наредната година добива на жестина во прламентот. ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расправата за Буџетот за наредната година добива на жестина во прламентот. ВМРО-ДПМНЕ критикува дека власта си скрои буџет за предизборен поткуп на граѓаните, во и за излекување на пари преку сомнителни тендери. Пратениците од власта очекувано го бранат Буџетот дека бил развоен.

Предизборен поткуп, партиски вработувања, непродуктивни трошења. ВМРО ДПМНЕ продолжува со гласни критики за предлог буџетот за 2024 година кој е на комисиска расправа во парламентот. Најголермата опозициска партија предупредува дека државната каса за догодина носи голем буџетски дефицит, големи непродуктивни трошења и сомнителни ставки кои имаат за цел испумпување на пари од државата

  • Во овој момент јавниот долг е повеќе од 8 милијарди евра, а со новите кредити кои се земаат секојдневно прашање на време е кога јавниот долг ќе надмине 9 милијарди евра. За потсетување на јавноста, кога СДС дојде на власт јавниот долг беше само 4,7 милијарди евра. Тоа значи дека за 6 и половина години јавниот долг е зголемен за 4 милијарди евра т.е. во просек по над 600 милиони евра годишно нови задолжувања. За камати државата плаќа како никогаш до сега и тие ни јадат по една автопатска делница годишно. За камати во 2024та година ќе се дадат 270 милиони евра. До пред само неколку години овој износ беше двојно помалку, под 130 милиони евра, истакна Јаревски.

Ова е само дел од податоците за финансиската состојба во која се наоѓа државата.

Реклама
  • Во секојдневието се случуваат протести на сите категории на граѓани, студенти, пензионери, администрација, приватен сектор, медицински лица, наставен кадар итн. Се повеќе граѓани осиромашуваат, а речиси 95% имаат понизок животен стандард од пред неколку години. Состојбите се алармантни и токму затоа граѓаните својот спас го гледаат во иселување. Не функционира здравството, образованието, нема безбедност и сигурност, нема правда, има огромна распространета корупција, има сива економија која секојдневно се зголемува, додаде Јаревски.

Власта пајк тврдидека буџетот бил развоен и одржлив со таргет на граѓаните и нивните потреби. Средствата кои се наменети во буџетот за антикризни мерки воопшто велат не биле за поткуп на граѓаните бидејќи такви мерки досега имало неколку:.

Освен пратеницвите од опозицијата, буџетот го критикуваа и експертите, но и бизнис заедницата. Буџетот за в година ќе тежи рекордни 5,5 милијарди евра или околу 5% повеќе од годинешниов. Дефицитот е проектиран на 545 милиони евра, или 3,6% од планираниот Бруто домашен производ, а капиталните инвестиции се планирани на само 773 милиони евра. Со овој буџет се испланирани и двата изборни процеса, претседателските и парламентарните избори.

Борис Грујоски