Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

На скопскиот аеродром повеќе не треба да се пристигнува три часа порано од летот

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра. Ова значи дека патниците отсега нема да треба да пристигнуваат на аеродромот три часа пред планираниот лет, туку според вообичаените два часа. Од компанијата велат дека процесот на надградба на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје и инсталацијата на новиот уред за скенирање почнал на 9-ти октомври, а завршил на 28-ми ноември.

„ТАВ како водечки аеродромски оператор, со задоволство го објавува завршувањето на големиот проект и значајната инвестиција во надградбата на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа голема инвестиција од 2,4 милиони евра на скопскиот аеродром и самиот проект за надградба на системот за ракување со багаж ќе резултира со оптимизација на внатрешните аеродромски операции и значително ќе придонесе за подобрување на целокупното патничко искуство за нашите патници. Со најновата технологија за безбедносна проверка, компјутерска томографија, капацитетот за проверка на багажот сега е зголемен за 30%, или 1800 парчиња багаж на час. Новата, врвна технологија на системот за ракување со багаж, напредното следење на багажот, зголемениот капацитет и намаленото време на обработка, се дел од нашата визија за иднината на воздушниот сообраќај и ја докажуваат нашата посветеност да обезбедиме беспрекорно патничко искуство, оперативна ефикасност и патничко задоволство. Затоа, скопскиот аеродром сега е подготвен да ги редефинира стандардите за ракување со багажот во регионот. Уверени сме дека ваквите подобрувања и обезбедувањето неспоредлива услуга за нашите патници и авиокомпании дополнително ќе ја зајакнат позицијата на скопскиот аеродром во регионот“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Меѓународниот Аеродром Скопје сега управува со систем за ракување со багаж надграден со софистициран и најквалитетен уред за скенирање, произведен од реномиран бренд и е единствен од ваков вид во поширокиот регион. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ги заврши првите 10 месеци од 2023 година со 30% пораст на патничкиот сообраќај, достигнувајќи вкупно 2,6 милиони (2.647.816) патници на двата македонски аеродроми во Скопје и во Охрид, додека бројот на летови во истиот период изнесува 19.935 со годишен пораст од 20 отсто.