Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Една минута молк во ЗЕЛС за грозоморното убиство на Вања

Со минута молк за грозоморното убиство на 14 годишната Вања започна и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со минута молк за грозоморното убиство на 14 годишната Вања започна и седницата на Заедницата на единиците на локалната смоуправа. Градоначалниците изразија сочуство и испратија аларм до власта дека се потребни итни промени во методологијата за правично насочување на дотациите од буџетот оти со актуелната нивното функционирање станува критично по повеќе основи. Најмногу во делот на образованието.

Една минута молк за грозоморното убиство на 14 годишната Вања и 74 годишниот Велешанец. Градоначалниците од сите општини изразија сочуство за трагедијата која ја шокираше цела држава

Во сенка на затекнатоста и сочувството од грозоморниот чин, претставниците на заедницата на локалната самоуправа сепак испратија порака и за она што беше цел на денешниот собир. Револт од тоа што владата не им ги исплаќа навреме дотациите од централниот буџет, за кој бараат не само да бида редовни, туку и да се зголемат. Ова велат е неопходно за да можат нормално да функционираат. Најкритично е во делот на образованието каде речиси сите дотации се трошат за плата на вработените, а се друго, се покрива од средства на општините.

Реклама
  • Ние мора заедно да се бориме за нашите права и заедно да направиме промена во нашите општини. Ситуацијата не е лесна, напротив, пред нас има големи пречки, но заедно сме во ова и ќе успееме. Јас, како претседател на ЗЕЛС, нема да дозволам некој да нѐ третира нас и нашите општини, а со тоа и нашите граѓани, со потценување и нема да дозволам некој да си поигрува со нашите финансии на сметка на собирање политички поени – рече претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Претседателот на Заедницата на единиците за локална самоуправа, се пожали дека општините имaле и дополнителни трошоци, како скапата струја, и сами не можеле да го пребродат овој тежок период.

Дека општините се приморани сами да вработуваат кадар во школите без помош од министерството за образование потврдија и од СОНК, кои побараа власта да покаже поголема сериозност кога се работи на училишта и градинки.

  • Лоцирани се повеќето аномалии што го оневозможуваат развојот на општините за кои е потребно итно унапредување на методологијата за правично насочување на средствата од централно на локално ниво во согласност со европските практики и обезбедување еднаков третман на општинската во однос на државната даночна администрација, вели Ѓорѓиевски, кој додаде дека промените не се веќе потреба, туку неопходност.

Од Зелс предупредуваат и на бројни други проблеми кои го кочат развојот на општините во државата. Бараат итно унапредување на методологијата за правично насочување на парите од централно на локално ниво, во согласност со европските практики. Ако нема сериозна помош од централната власт, кризата драматиќни ќе се продлабочи.

Борис Грујоски