Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Антикризни мерки или предизборен поткуп – Познавачите критикуваат за нечесен популизам

Нечесен популизам и врбување гласачи. Вака познавачите го толкуваат пакетот антикризни мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нечесен популизам и врбување гласачи. Вака познавачите го толкуваат пакетот антикризни мерки кој во суштина е пакет предизборни поткупувања зашто ќе важи во наредните шест месеци односно непосредно по или околу гласањето за нов Парламент и нов Претседател.

Поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски за Алфа коментира дека  мерките ќе беа навистина антикризни ако се донесеа во времето кога инфлацијата беше галопирачка, а не сега кога Македонија влегува во предизборие.  

Антикризните мерки доаѓаат во време и опфат во кои претставуваат нечесен популизам. Од етички аспекти мерките може да се оквалификуваат како предизборен поткуп . Тие средства кои се даваат во овој тајминг многу повеќе значеа во периодот кога инфлацијата и цените секојдневно растеа . Оттука и заклучокот дека овие мерки не се антикризни туку се нечесен потпкуп , граѓаните ќе препознаат на изборите дека со вакви пари не може некој да ги купи, вели Зафироски.

Реклама

Нема прекршување на изборниот законик, ама има сериозни сомнежи дека Владата сака да влијае врз гласачите. Антикорупциската комисија и сега како и во претхнодни други случаи предупредува, но само предупредува.

Ние и претходно сме реагирале во ситуации кога не се прекршува изборниот законик, а се создава суптилно влијание врз гласачкото тело. Со оглед на тоа што дека тајмингот е одбран за предизборието се создава таков сомнеж, иако нема прекршување на законската регулатива, вели Билјана Ивановска претседател на ДКСК .

И дел од економските аналитичари како и од бизнис заедницата порачаа дека мерките се носат со цел да се придобијат симпатии кај гласачкото тело  .

Инаку, пакетот кој ќе се применува од утре опфаќа околу 180 илјади пензионери од над 330 илјади кои ќе добиваат од 1500-3000 денари месечно, предвидени се пари за превоз за студентите кои не живеат во градот во кој студираат, помош за учениците кои доаѓаат од сиромашни семејства, сето ова ќе важи само во наредните шест месеци. Дел од пакетот кој беше промовиран се и поволни кредити за компаниите преку Европската инвестициска банка и Развојната банка, кои и претходно беа достапни за оние кои се квалификуваат.

Кристина Алексиеска