Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Антикризни мерки: Предизборен поткуп наместо реална помош

Пакетот антикризни мерки кој го најави Владата е повеќе предизборен поткуп отколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пакетот антикризни мерки кој го најави Владата е повеќе предизборен поткуп отколку реална помош за граѓаните и за компаниите. Со ова се согласуваат и економистите и бизнисмените.

Предизборен поткуп наместо реална помош за граѓаните и за стопанството. Новиот пакет антикризни мерки промовиран на шест месеци пред изборите е спорен по повеќе основи.

Бизнисмените повеќе критикуваат, отколу што може да пофалат. Според Миле Бошков, очигледно е дека Владата се обидува предизборно да купи социјален мир. Но она што е клучно, вели, дека власта мора да почне реални активности за поддршка на граѓаните и стопанството низ целиот нејзин мандат, а не периодично. Сега, вели, компаниите повеќе се задолжуваат, отколку што остваруваат профит.

Реклама
  • „Во историјата на предизборието секогаш се вложувале напори за потребите, симпатиите и гласовите на таргетираните. И навистина веќе очекуваме низ реални активности во текот на целиот мандат да бидат опфатени граѓаните и бизнис заедницата. Но еве, повторно во предизборието, ако може така да се каже, иако политички не би коментирал состојби, меѓутоа ете станува збор за политики, а ова се дел од политиките кои директно влијаат на задоволството, перцепцијата, иднината кај граѓаните. Нормално дека и ние како бизнис заедница во предизборието ќе испорачаме сет на барања за следната Влада да излезе во пресрет имајќи предвид дека е многу поважно да имаме сигурна правна регулатива, сигурно предвидливо креирање на даночната политика и сигурно и предвидливо обезбедување на ресурси и работна сила“, коментира Бошков.

Антикризниот пакет кој содржи 26 мерки ќе стартува на први декември и ќе трае во период од шест месеци, односно точно до крајот на изборите. Според економистите, помошта е очекувана во услови на криза, но проблем е временската рамка, односно предизборниот период. Абил Бауш, од понуденото во сетот мерки, не гледа причина за оптимизам.

  • „Како и сите антикризни мерки и оваа е програмирана за најранливи категории граѓани и е за поздравување затоа што колку толку во одредени ситуации ќе може да им се помогне на граѓаните кои се поранливи. Но мора и да се признае дека антикризните мерки на прв впечаток, особено во делот на пензионерите и другите категории граѓани, имаат изборна компонента. Добро е и треба да се помогне, но тајмингот е чуден“, вели универзитетскиот професор Абил Бауш.

Целиот пакет антикризни мерки предвидува краткотрајно зголемување на најмалите пензии за 1.500 до 3.000 денари во период од шест месеци, финансиска поддршка за учениците и студентите од посиромашните семејства исто така во период од шест месеци, како и поповлни кредити за фирмите во соработка со Развојната банка и Европската инвестициска банка.

Борис Грујоски