Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Прилози

КСОМ: Бараме 30% повисоки плати за здравствените работници и бенефициран стаж, ако власта нема слух ќе има протестен марш

Зголемување на платите од 30%, четири отсто инфективен додаток, корекција на Колективен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемување на платите од 30%, четири отсто инфективен додаток, корекција на Колективен договор, бенефициран стаж и поголема заштита за здравствените работници. Со вакви барања излегоа од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија, од каде најавија протести во самите здравствени установи, за време на паузата. Целта е, велат, да се искаже незадоволството поради неисполнети барања.

Гоце Делчев, главен генерален координатор на сите независни синдикати во конфедерацијата во КСОМ и претседател на Независниот синдикат на полицијата, информираше дека е донесена одлука во секторот здравство при КСОМ, за организирани протести почнувајќи од денеска, па продолжувајќи и утре, во триесетина здравствени објекти. Протестите ќе бидат во кругот и во рамките на самите здравствени установи, за време на паузата на вработените. Целта е да се искаже незадоволството поради неисполнети барања.

– Ако до среда нема одговор на нашите барања, ако не бидеме повикани на разговор околу решавање на проблемите, наредниот петок протестот ќе биде пред Министерството за здравство, рече, нагласувајќи дека огромен дел од медицински персонал заминува од државата поради мали плати. За по три недели, најави протестен марш на здравствени работници, ако немаат дотогаш позитивен одговор на барањата, вели тој.

Реклама

Лазе Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија рече дека во изминатиов период се вршел притисок врз нивни членови во одделни здравствени установи. Целта на притисоците, како што нагласи, била да се оттргнат од протести.

– По мое лично мислење, министерот не е вмешан во тоа, вмешани се некои други синдикати, чии членови преминуваат кај нас. Доколку не престанат притисоците, ќе поднесеме тужби, најави Костовски.