Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Свет

ИДФ во болницата Ал-Шифа, бараат милитантите да се предадат

Израелската војска соопшти дека упаднала во болницата „Ал-Шифа“ во Газа и ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелската војска соопшти дека упаднала во болницата „Ал-Шифа“ во Газа и ги повика милитантите на Хамас кои се кријат внатре да се предадат. Според последните извештаи од најголемата болница во Газа, во комплексот се уште има неколку стотици пациенти и медицински персонал, како и неколку илјади луѓе кои побарале засолниште таму.

Од министерството за здравство на Газа исто така потврдија дека израелските сили, вклучувајќи тенкови, влегле во западниот дел од болничкиот комплекс, и ги пребаруваат подрумите.

Д-р Мунир Ал-Бурш рече дека медицинскиот персонал ја одбил наредбата од израелските одбранбени сили да се евакуираат бидејќи не сакале да ги напуштат околу 700 пациенти кои инаку би умреле. Тој тврди дека биле известени за операцијата само 30 минути пред израелските сили да влезат во комплексот.

Реклама

Израел смета дека Хамас има команден центар под Ал Шифа и ја користи болницата и тунелите под неа за да ги скрие воените операции и да држи заложници.

ИДФ претходно соопштија дека „врз основа на разузнавачките и оперативните потреби спроведуваат „прецизна и насочена операција против Хамас во одредени области на болницата Ал Шифа“.