Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Не стоиме лошо само кај корупцијата и судството, слабо напредуваме и во образованието и здравството

Европската комисија не ја критикува Македонија само во областа на корупцијата, судството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија не ја критикува Македонија само во областа на корупцијата, судството и криминалот. Властите треба да работат на подобрување во сите области – образование, здравство, животна средина, јавна администрација. ЕК го адресира проблемот со здравствениот кадар и нееднаквиот пристап до здравствена заштита.

Бројот на лекари и медицински сестри на 100 000 жители е под просекот на ЕУ. Медицинскиот персонал продолжува да го напушта јавниот здравствен сектор за да работи или во приватниот сектор или во странство.  Трошоците за здравствена заштита од џеб остануваат високи, на 38%, што претставува пречка за еднаков пристап до здравствената заштита – пишува во извештајот.

Иако имаме ограничен напредок во образование и култура, голем проблем е неусвојувањето на клучни закони.

Реклама

Македонија треба да ги усвои новиот Закон за средно образование и Законот за стручно образование. Да го подобри пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попреченост и децата од ромските заедници. Да се насочи кон подобрување на обуките за професионален развој на професорите – се додава.

Македонија треба да внимава како ја користи помошта од ИПА, порачува Брисел.

Нема напредок во делот за регионална политика и координација на структурни инструменти која предвидува, ефикасното користење на претпристапната помош на Македонија – стои во извештајот.

Во извештајот стои и дека делумно се исполнети препораките во делот на животната средина и климатските промени.

Треба да се спроведат конкретни мерки за намалување на загадувањето на воздухот и загадувањето на слатките води. Да се воведе систем за управување со отпад и да се зајакнат инспекциските капацитети – вели ЕК.

Иако сме претседавачи со ОБСЕ, не ги исполнивме нивните препораки.

Нема напредок во решавање и имплементација на препораките од страна на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ и Венецијанската комисија – стои во документот.

Македонија се уште ја нема усвоено ревидираната законска рамка за управување со човечки ресурси која го вклучува Законот за административни службеници и вработени во јавниот сектор. Задача која требаше да се исполни уште пред пет години.

Според извештајот Македонија има проблем и во областа на конкуренцијата.

Не беше постигнат напредок во извештајниот период. Минатогодишните препораки не беа применети. Земјата треба да ја усогласи законодавната рамка за целосна транспарентност на државната помош доделена од властите и да спроведе антимонополски политики – пишува во извештајот од 2023 година.

Македонија не ги прифатила ниту препораките за подобрување во областа на правото на интелектуална сопственост.

Не е постигнат напредок. Потребни се дополнителни напори за усогласување на законодавството со правото на ЕУ во оваа област – додава ЕК.

Македонија има органичен напредок во слободата на изразување, борбата против организираниот криминал и перење пари, умерено е подготвена да се справи со конкурентскиот притисок и пазарните сили во ЕУ.

Во клучните, за ЕУ иднината, области – Македонија нема напредок и доби многу критики. Прилично лошо сме рангирани споредено со земјите од регионот, ама и во споредба со Украина и Молдавија кои по декемврискиот самит, ќе почнат преговори со ЕУ, па дури и Грузија која ќе добие кандидатски статус.