Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Свет

САД ќе егзекутираат затвореник со метод кој досега не бил користен

Алабама го закажа првото погубување во Соединетите држави со азотна хипоксија, алтернатива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алабама го закажа првото погубување во Соединетите држави со азотна хипоксија, алтернатива на смртоносната инјекција, објави гувернерот Кеј Ајви. Егзекуцијата на Кенет Смит треба да се случи на 25 или 26 јануари следната година.

Смртта од азотна хипоксија ги лишува мозокот и телото од кислород, па затвореникот умира од задушување, според Информативниот центар за смртна казна, непрофитна организација која следи, анализира и шири информации за смртната казна. Новиот развој во случајот на Смит доаѓа откако Алабама ги паузираше егзекуциите минатата есен и ја промени процедурата за извршување по проблемите со смртоносните инјекции.

Инаку, Смит е осуден за убиството на Елизабет Дорлен Сенет во 1988 година, кое според судот го извршил со соучесник. Двајцата биле ангажирани од сопругот на Сенет, кој бил вмешан во аферата со тоа што договорил голема осигурителна полиса за неговата сопруга.