Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

По повеќегодишна запуштеност, се санира Могилата на непобедените во Прилеп

 Исклучително важниот историски споменик од НОБ и препознатлив бренд на градот под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Исклучително важниот историски споменик од НОБ и препознатлив бренд на градот под Марковите Кули, но и на Македонија, Могилата на непобедените, по повеќегодишна запоставеност, конечно започна да се санира. По проект на НУ „Завод и музеј“, а изработен благодарение на упорното барање на ОО на Сојузот на борци, Министерството за култура, годинава конечно одвоило средства за овој споменичен Комплекс, а кој датира од 1961 година, да си го врати стариот сјај.

    „Патеката и Алејата се обновени во целост. Сменети се плочите на бистите кои беа оштетени и искршени. Со техника на пескарење успеавме да го вратиме стариот лик на аулите, а во Криптата каде што се имињата на паднатите борци од Прилеп, сите скршени, оштетени, исчкратни плочи, се сменети. И Амфитеатарот е целосно реновиран за да може да послужи за сите активности во градов“, – кажа Горан Цветкоски, директор на НУ „Завод и Музеј“, Прилеп.

  За наредната година пак, кога ќе се одбележуваат и 80 години од ослободувањето од фашистите, предвидено било Алејата на народните херои, покрај веќе постоечките 10, да биде надополнета со уште пет бисти на прилепски народни херои, кои ја преживеале војната, но по ослободувањето извршувале важни државни функции.

Реклама

   „Тоа се: Вера Ацева, Крсте Црвенковски, Борко Темелкоски – Лилјако, Ѓоре Дамески – Боксеро и Атанас Забазоски-Руски. Тие се петте народни херои кои извршувале значајни функции и во Федерацијата, и во Републиката“, – рече Рубин Белчески, историчар и претседател на ОО на СЈБ – Прилеп.  

    Инаку, споменичните обележја во Паркот на Револуцијата често се мета на вандализам. Во Прилеп и прилепско има над 160 важни државни спомен – обележја. Добар дел од нив, „плачат“ за поголема грижа од надлежните.

  Каролина Дурло