Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Економија

Лоши оценки од Брисел – економското тркало како да не вртело во 2023-та

Кристина Алексиеска Економското  тркало како и да не се вртело во 2023…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кристина Алексиеска

Економското  тркало како и да не се вртело во 2023 година . Оценката од Брисел е дека државата сеуште бавно закрепнува од последиците од Руско- Украинската криза што дополнително го забавува и закрепнувањето од Ковид кризата . Дефицитот е на сериозно високо ниво и е под целта на Владата,  а меѓудругото се должи на тоа што сме увозно зависна држава и  поради зголемувањето на даночниот приход поттикнато од инфлацијата и недоволното извршување на неколку категории расходи. Исто и јавниот долг е на значително високо ниво во однос на она пред пандемијата.  Државата  е задолжена , има сериозни структурни проблеми како невработеност на младите и огромно ниво на сива економија

Постигнат е дополнителен напредок во подобрувањето на стручното образование, но големиот недостиг на вештини и понатаму е во однос на потребите на пазарот на труд, што повлекува долга транзиција од училиште до работа. Овие, заедно со големите празнини во транспортната и енергетската инфраструктура, ниските инвестиции и ниското финансирање за иновации, го ограничуваат потенцијалниот раст. Дефицитот на тековната сметка порасна значително бидејќи цените на увозот на енергија се зголемија, но потребите за надворешно финансирање беа задоволени со помош на пазарно задолжување и задолжување од ММФ, се вели во извештајот .

Реклама

Клучните реформски области бавно напредуваат. Брисел критикува  дека  клучното за придвижување на економијата, односно јавните инвестиции се  попречени од кадровски и ИТ прашања , а потенцијалниот раст е попречен и од слабото инвестирање во иновации. Владата минатата година се фокусирала генерално на цените, но не правела речиси  ништо за да има напредок во клучните реформски прашања .  Брисел Упати и сериозна критика за донесените закони за Бехтел и Енка кои беа поминати во Собрание со европско знаменце . Во извештајот се наведува дека се во спротивност со дел од правната рамка .

 Потребни се повеќе промени , особено во областите каде што е постигнат ограничен напредок, како што се дигиталната трансформација и медиумите, царинската унија и образованието и културата.  Деловното опкружување продолжи да биде попречено од големото присуство на  неформалната економија, бавен е напредокот  во рационализацијата на парафискалните давачки и  има нетранспарентен и неефикасен режим на државна помош, се наведува меѓудругото во Извештајот.

Државава постигнала напредок во однос на слободното движење на капитал , како и одреден напредок во однос на финансиските услуги и заштитата на потрошувачите . Севкупно, Македонија не е целосно подготвена во областа на економската и монетарната политика.

 Сепак, нема напредог во однос на правото на трговските друштва, правото на интелектуална сопственост и политиката за слободно движење на работниците.

Кристина Алексиеска