Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Економија

„Алкалоид“со консолидирани продажби од 202,7 милиони евра„Алкалоид“

Консолидирани продажби од 202,7 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 15…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Консолидирани продажби од 202,7 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 15 % и инвестиции од 20,2 милиони евра во периодот јануари – септември 2023. Македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ објави позитивни податоци за работењето заклучно со третиот квартал годинава.

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2023 година продажбите достигнуваат 9.212.341.451 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.483.936.387 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Реклама

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 10 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 15 %. Од вкупните консолидирани продажби 30 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 70 % се остварени на странските пазари.

Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со првите девет месеци од 2022 година, бележат продажбите остварени во Канада, кои се зголемени за 40-пати; потоа во Италија, каде што се зголемени за повеќе од 30-пати; во Јужна Африка за 5-пати; во Австрија за 4-пати, како и во Чешка и во Чиле, каде што се зголемени за трипати. Потоа следуваат оние во Велика Британија (раст од 87 %), Ерменија (раст од 64 %), Романија (раст од 63 %), во Монголија (раст од 26 %), Албанија (раст од 24 %), Бугарија (раст од 14 %), во Украина (раст 12 %), Хрватска (раст од 11 %), Босна и Херцеговина (раст од 8 %), во Србија (раст од 6 %) итн.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2023 година изнесуваат 1.240.857.214 денари и во споредба со остварените во истиот период од 2022 година бележат раст од 47 %. Ваквото зголемување се должи на најголемиот инвестициски проект на АЛКАЛОИД во последните 20 години – новото производствено одделение за производство на цврсти форми 2 – со кој се зголемуваат капацитетите за производство на цврсти форми за повеќе од двапати.

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 2.096.790.692 денари, бележи зголемување од околу 9 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.299.694.920 денари и е зголемена за 12 %. Во периодот јануари – септември 2023 година во АЛКАЛОИД АД Скопје е реализирано 191 ново вработување