Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Закана за бизнисот-блокирана сметка ако до 24 ноември не се плати солидарен данок

Среде криза, стопанството е под притисок да го плати солидарниот данок. И…

Сподели:
Фото: Алфа Вести


Среде криза, стопанството е под притисок да го плати солидарниот данок. И покрај фактот што контроверзното решение е пред Уставен суд, надлежните не се откажуваат од брза наплата. Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека на 24 ноември ќе им бидат блокирани сметките на компаниите кои дотогаш не го платиле данокот на солидарност, кој оваа година беше воведен како еднократен и кризен.

– Согласно нашиот календар, на 6 ноември ќе ги доставиме опомените. Доколку и по тоа нема направено уплата, на 24 ноември ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки, рече Лукаревска.

Лукаревска нагласи дека една компанија може да го одложи плаќањето до крајот на годината, но со банкарска гаранција или со залог на движен и недвижен имот

Власта опстоја на стратегијата да собере пари од успешните компании и покрај острите критики, но и поплаки на стопанствениците кои попусто бараа слух. Од Владата тврдат дека собраните пари ќе се искористат за пакетот мерки за поддршка на граѓаните. До сега биле собрани 2,21 милијарди денари од данокот на солидарност, или околу 36 милиони евра, но 50-тина компании, од вкупно 150 обврзници, се уште го немаат подмирено.

257 милиони денари е најголемиот поединечен износ платен за данок за солидарност.
Лукаревска додаде дека меѓу оние кои немаат платено има и јавни претпријатија.