Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Нема европско знаме платите на премиерот и министрите: Ковачевски сега морал да ги почитува законите, нема веднаш да намалува плати

Кривичен законик, закон за амнестија, се тоа може да помине со европско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичен законик, закон за амнестија, се тоа може да помине со европско знаменце или по брза постапка, за намалување на платите на премиерот и неговите колеги ќе мораме да чекаме, да ги усогласале законите. Димитар Ковачевски го демантираше својот заменик Фатмир Битиќи, кој порача дека подготвиле закон за намалување на платите. За разлика од другите закони кои се носат преку ноќ, за овој ќе мора да се чека. Не смеело да менуваат без да видат што пропишува законот.

-Носење на решение кое што го дерогираат системот на плати, каде што за едни вработени важи еден систем за пресметување на плата, а за други друг систем за пресметување на плата, зборувам во јавниот сектор, ќе значи веднаш реакција како во два случаи до сега и третиот пат од страна на највисоката судска инстанца, изјави Ковачевски. 

Ќе паднел на Уставен Суд, ако избрзано го изменеле. Морале да размислуваат за сите што добиле повисоки плати, не биле само министрите, туку и уште илјадници други.

Реклама

-Уште пред да се случи одлуката на Уставниот суд јас кажав дека се работи за закон со кој треба да се стави ред во платите во јавниот сектор, да се стави ред, да се знае која е највисока плата, а потоа како одат нивоата на платите согласно со одредени критеруми. Зборуваме за плати кои што се однесуваат не само за 21 член на Влада, туку се однесуваат на 120 пратеници, на 80 градоначалници, на скоро 600 обвинители, судии, 300 колку се итн, изјави Ковачевски.

Овој став на премиерот е контра она што пред само два дена го кажа неговиот заменик Фатмир Битиќи, кој порача дека веќе бил спремен закон за намалување на платите на функционерите.

Да направиме поправедно решение и секакво ослободување на дел од средствата секако ако се изгласа закон за антикризни мерки за најранливите категории, изјави Битиќи.

Според последното зголемување на платите со одлуката на Уставниот Суд на избраните функционери, им се покачи месечниот доход за 78 проценти, сега согласно растот на просечната плата, треба да добијат дополнително зголемување, што ќе значи некаде плус 400 евра. Инаку, во моментов најплатен е собранискиот спикер Талат Џафери заработува 166 илјади месечно, илјада денари помалку добива претседателот Пендаровски, додека 156 илјади заработува премиерот Ковачевски. 

Матеја Петровски