Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Ќе го слушне ли некој алармот на македонското стопанство кое во услови на сериозна криза ќе плаќа солидарен данок?

Компаниите бараат да не го плаќаат  солидарниот данок додека Уставен не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компаниите бараат да не го плаќаат  солидарниот данок додека Уставен не се произнесе  за уставноста на законот откако државата кажа дека нема да ја чека одлуката туку ќе ги даночи компаниите.

Ова значи дека оние кои биле успешни во 2022 имаат уште 9 дена да ја платат дополнителната давачка доколку Уставниот суд не пресече до 25 октовмри  до кога е рокот за плаќање на данокот дека законот е противуставен,

Иницијативата е поднесена на 12.10 и во самата иницијатива е побарана времена мерка , токму поради кратките рокови со цел да се спречи евентуално настанување на последици кои потешко може да се санкционираат , вели Анита Трајковска од Стопанската комора

Реклама

Од Уставен информираа дека е оформен предмет по иницијативата која е поднесена од Стопанската комора, но во овој момент не може да даде времена мерка, бидејќи како што информираат се носи во фаза кога судот ќе ги прифати наводите за иницијативата .

Бизнисот е обединет како никогаш до сега по ова прашање , велат не станува збор за солидарност, туку дека роковите се премногу кратки и може да настане голема финансиска штетата кај компаниите, токму поради тоа што законот важи ретроактивно, односно за добивка остварена минатата година . Според стопанската комора целата даночна реформа , меѓу која и менувањето на стапката на ДДВ –то од 5 на 10 отсто влијае негативно на работењето на фирмите ,

Стопанската комора и бизнисот се обединија токму поради правото за одредена гарантирана правна заштита , кога зборуваме за овој данок, станува збор за добивка која компаниите ја оствариле во 2022 година , таа добивка  била планирана  претходно , вели Трајковска.

Собранието на 19. минатиот месец го изгласа Законот за данок на солидарност, со кој се воведе еднократен т.н данок на екстра профит, а ќе го плаќаат компаниите кои во 2022-ра оствариле приход поголем од 615 милиони денари . Инаку, на веб страницата на Комората поддршка за Иницијативата дале над 200 компании, дури и оние  мали и средни претрпиајтија кои не ги опфаќа законот.

Кристина Алексиеска

Кристина Алексиеска