Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Црвенковски: ЕУ е непринципиелна кон Македонија, ни се оспорува идентитетот

Тежок и речиси недостижен е патот за Македонија да влезе во ЕУ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тежок и речиси недостижен е патот за Македонија да влезе во ЕУ иако на државата и се направија сите можни преседани – вели поранешниот претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски. Тој не е оптимист дека земјава наскоро ќе биде членка на ЕУ, па затоа предлага нова стратегија за приближување, односно да се искористат европските пазари и фондови.

“Голем дел од причините лежи во нашите слабости јас ќе набројам само неколку.Недоволиво висок степен на корупција и разни видови на организиран криминал.Не ефикасен и подложен на полички влијание судски систем, партизирана и неефикасна андмистрација се донесуваат европски закони а се имплементираат на балкански начин.Рефиормите или се пролонгираат или се спроведуваат половично. Но медалата има и друга страна, ЕУ се залага за проширување но во реалноста не е подготвена за тоа” – вели Црвенковски.

Стјепан Месиќ поранешен претседател на Хрватска ги поддржува земјите од Западен Балкан да станат што поскоро дел од ЕУ, но е скептичен дека со тоа што Унијата не е иста како пред 20 години, патот ќе биде многу потежок.

Реклама

“Ниту една земја во регионот не е отфрлена поради надворешни политички цели за членство во ЕУ.И покрај тоа, мене ми изгледа дека членството во ЕУ се оддалечува од земјите на Западен Балкан. Без обзир на сите поддршки и ветувања од Брисел” вели поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ.

Дека евроскептицизмот во земјава расте алармираше претседателот Пендаровски. Според него џабе сменивме име кога повторно не сме во ЕУ.Пендаровски кажа дека на Западен Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука.

“Ако ЕУ навистина има амбиции да биде геополитички играч мора прво да го заокружи и обезбеди својот европски геополитички простор преку интеграција на Западниот Балкан”, рече Пендаровски.

Според Пендаровски, европската унија мора да покаже поголема грижа за регионот. И се надева дека на претстојниот декемвриски самит, Европскиот Совет ќе има можност да донесе одлуки за побрза интеграција на Западен Балкан, наместо како што вели, да го одложува тоа прашање за по европските избори.

Ања Лукарова