Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Македонските води не смеат да одат на продажба – експертската фела на нозе против зделката за „Чебрен“

Македонските инженери не ја поддржуваат владината одлука која под концесија ја дава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските инженери не ја поддржуваат владината одлука која под концесија ја дава водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчкиот конзорциум Архиродон кој го доби тендерот за изградба на ХЕЦ Чебрен… Енергетските експерти бараат владата да ја преиспита и повлече ваквата штетна одлука и да не склучува договори со која било странска или домашна компанија со која се откажува од државните води. Наместо македонското електростопанството од ваквиот „торта“ бизнис вели професорот Димитров ќе се офајди грчкиот систем бидејќи во раце ќе ја има оваа простројка.

  • „Лош е проектот, не знам дали се прави тендециозно за да се прифатат сите наредби или желби што ни доаѓаат преку владата,  нашите стратешки партнери или пријатели.. Продаваме се што имаме, ќе работиме за туѓи господари, за туѓи дворови.. Што да кажам,  лошо е, црно е, нема ништо од ова да добие Македонија, ќе го изгуби и „Тиквеш“..А доколку е веќе толку добро, нека земат 51 процент да биде во сопственост на Македонија, 49 грчко стопанство и ќе се реши проблемот..“ вели Константин Димитров, МАЦЕФ.

Хидроцентрала „Чебрен“ е еден од најголемите и најважните енергетски проекти на државата велат инжинерите. Кога за 4 години РЕК Осломеј и РЕК Битола ќе престанат со работа поради зелената транзиција, „Чебрен“ треба да и овозможи на Македонија да остане енергетски незавизна.

  • „Велат дека таа хидроцентрала ќе се даде 60 години на користење на странски инвеститор на користење, а погледнете го РЕК Битола, изграден 80-тите години, веќе има 40 и нешто години и веќе се случуваат многу големи хаварии, имаме испади.. Има сериозен проблем во државата во однос на енергетиката, а енергетиката е движечка сила на секое општество. А ние ја увезуваме поскапо“, вели Денис Мустафаоглу – енергетски инжинер. 

По 13 пропаднати тендери , по повеќе од 30 години Владата донесе одлука за  доделување на концесија за изградба на ХЦ Чебрен на грчката компанија ППЦ-Архиродон. Проектот ќе чини околу една милијарда евра.  Откако ќе заврши проектирањето и собирањето на документацијата, предвидено е да се почне со градбата , а рокот е 7 години.

Реклама

Викторија Миткова