Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

Прелет на птица ги испаднал од систем Блоковите 1 и 3 од РЕК Битола

      Од рано утринава РЕК Битола работи со само еден блок, откако прелет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Од рано утринава РЕК Битола работи со само еден блок, откако прелет на птица ги испаднал од систем Блоковите 1 и 3. Оваа информација ја потврдија и од РЕК Битола, од каде велат дека за среќа, оштетувањата не биле големи, а снабдувањето со електрична енергија во земјава непречено се обезбедувало од домашните капацитети на АД ЕСМ.

    „Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во функцијата на двата блока. Се очекува во претпладневните часови постројките да бидат повторно на мрежа и да испорачуваат електрична енергија. Заради сличен проблем во електропреносниот систем, во ноември 2021 година беше тешко оштетен трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола и постројката беше надвор од функција повеќе од една година. Овојпат, за среќа, нема сериозни штети врз опремата на РЕК Битола, – се вели во соопштението од РЕК Битола.

  Според АД МЕПСО, денеска во раните утрински часови дошло до испад во ТС Битола 2, инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница.„Штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни и случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки, но не и невозможни“, објаснуваат од АД МЕПСО.

Реклама

    И експерти за Алфа ни потврдија дека вакви случаи кога птици предизвикувале испад на системот не биле реткост и во минатото, заради што биле поставувани и соодветни заштити на столбовите.

  Инаку, ова не е првпат, РЕК Битола да работи со намален капацитет. Во последниве 2-3 години, на неколку пати се случуваа сериозни хаварии, помеѓу кои и онаа од 5-ти ноември 2021 година кога таму изби пожар од кој целосно беше онеспособена трафостаницата на Блокот 3, а на неговата санација се чекаше се’ до јануари годинава кога повторно беше ставен во функција. Исто така, и во февруари лани, имаше пукање на цевки во Котелскиот дел од Блокот 1, заради што и тогаш РЕК Битола, извесно време работеше со значително намален капцитрет, па недостигот од електрична енергија се надоплнуваше со увоз на енормно скапа струја.  

                                                                                       Каролина Дурло