Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

Функционерите од идната година ќе се офајдат со поголеми плати за неколку стотици евра

Функционерските плати ќе бидат поголеми и до 400 евра од идната година.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Функционерските плати ќе бидат поголеми и до 400 евра од идната година. Според законот тие растат согласно растот на просечната плата.

Ова значи дека околу 2.000 функционери ќе добиваат уште повисока плата по она 78% покачување кое го крена револтот на максимум кај граѓаните.

Покачената плата која сега „ легнува “ на сметките на функционерите е според исплатената просечна плата во 2022, а во 2024 просекот ќе биде според она што е годинава. Во јули просекот во Македонија е 36 286, а се очекува до крај на годината да е значително поголем, со оглед на тоа што се покачија и платите во јавниот сектор .  

Реклама

Законот вели дека платата се утврдува според основицата која е просечната плата на што се додава искуството:

Платата на функционер и на раководен работник се утврдува на начин што основицата за пресметување на плата се множи со утврдениот коефициент и се зголемува за процентот за работното искуство. Работното искуство се вреднува така што платата во месечен износ се зголемува процентот утврден за работното искуство од 0,5% за секоја започната година работен стаж, а најмногу до 20%.

Коефициентот за утврдување на платата за претседател на Република Македонија, претседател на Собранието и претседател на Владата, изнесува до 4,50, стои во Законот .

Според ова ако се земе просечната плата исплатена во јули годинава, и додаденото искуство би илзегло дека првиот човек на државата со 33 години работно искуство  би земал околу  190 илјади денари , што е повисоко за околу 30.000 колку што доби со минатото покачување

„По ново 165 000, по старо 93 000. Тоа го објавија сите медиуми“, рече претседателот, на 3.5.2023

Ковачевски пак со 26 години стаж во 2023 година според истата пресметка би земал 184 514 денари ., не знаеме ова за колку би било повисоко , оти Ковачевски не ја отрки сумата на новата плата , а на сајтот од Влада сеуште примањата на премиерот и на министерите од пред енормното покачување, таму истакнатите плати се стари три години.

Енормниот раст на платите на функционерите се случува во време на штрајкови и протести и  висока инфлација , што го крева  револтот кај работниците и граѓаните, а пензионерите пак на улица бараат покачување од 5.000 денари.

Кристина Алексиеска