Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Затворени 10 маркети: Не ги намалиле цените согласно одлуките, но дали ова го решава проблемот со празните џебови на граѓаните?!

Клуч на врата на уште десетина маркети во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клуч на врата на уште десетина маркети во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Струга, Кавадарци и Кичево. Државниот пазарен инспекторат ги затвори продавниците заради што трговците не ги намалиле цените на добар дел од производите. Станува збор за прехранбените производи и пијалаците на кои има залепено црвен знак на кој пишува „гарантирана цена“. Казнувани се синџирите на маркети, но посебно маалските продавници кај кои мерката речиси воопшто не се почитува.

  • „Изминатите 10 дена се уверивме дека секој што не ја почитува владината мерка ќе биде казнет, а секој што ќе применува нечесни трговски практики ќе биде затворен и тука нема да има компромис за никого. Така ќе биде и во иднина, нема да има компромис и ќе биде казнет секој што нема да ги почитува мерките и одлуките на Владата, а оној што ќе го повтори прекршокот ќе биде затворен на подолг временски период“, рече директорот на Пазарен.

Прашан за недостигот на некои производи во маркетите, Трајковски рече дека трговците треба да кажат доколку имаат проблем со снабдувачите за Инспекоратот да реагира. Додаде дека ќе бидат посетени и трговците на големо, кои, според владината одлука, имаат должност да ги снабдуваат трговците на мало со производите за кои важат „гарантирани цени“ во количина од најмалку 70 отсто од онаа која била продадена во август годинава.

  • „Некаде можеби се потрошиле залихите, па трговецот немал испланирано нова нарачка, но мислам дека тој проблем е решен, ако го имало некаде“, рече Трајковски.

И додека добар дел од маркетите си тераат по свое, Стопанската комора бара преиспитување на мерката за замрзнување на цените на пијалоците. Од таму испратија писмо до министерот за економија во кое алармираат дека мерката е на дирекна штета и на производителите и на трговците. Од Инспекцијата велат дека сите ќе бидат сослушани и ќе се постапи соодветно.

Реклама

Паралено, потрошувачите се жалат дека производите кои не влегоа во купот со замрзнати цени, поскапени се драстично. Па така козјото сирење од 350 денари за килограм, сега скокна на 439 денари, пари кои ги плаќа и онака сиромашниот граѓанин. А тој, односно обичните луѓе, не чувствуваат никакво поевтинување.

Претходно, Владата одлучи и намалување за 10% на царинските давачки за увоз на овошје и зеленчук од 65% на 55%, односно 45 кои ќе важат до крај на февруари. Исклучок се доматите, краставиците и пиперките, за кои одлуката ќе стапи во сила од 1 декември, оставајќи им време на трговците за набавки.

Согласно измените на Законот за ДДВ, луксузните прехранбени производи кои не се вклучени во исхраната и ретко се консумираат ќе се оданочуваат со 10%. Оние кои јадат месо од елен, риба лосос, кавијар, јагули, сино сирење, ленено семе, палмино и кокосово масло, тропско овошје, ќе треба да платат поскапо.

Борис Грујоски