Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

Поставени фотоволтаици на едно училиште во Охрид, останатите повторно ќе се борат со високи сметки за струја 

За да не мрзнат во училишните клупи,со цел да се обезбедат топли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да не мрзнат во училишните клупи,со цел да се обезбедат топли простории општина Охрид почна со поставување на фотоволтаични централи со што ќе се избегнат и астономските сметки за струја. За сега со електрична енергија од ваков вид на обновливи извори е обезбедено општинското економско училиште “Св.Кирил и Методиј “.Измината година беше исклучителна тешка,вели директорот на ова средно училиште кој очекува сметките за струја да бидат за 50 % пониски од ланската зима.

“Сега со изградбата на новиот систем за греење, каде што ќе се грееме на електрична енергија, имаме сега и прозводство на електрична енергија значително ќе се намалат сметките за струја и мислам дека ќе имаме нов економичен систем на греење оваа година”-вели Ристе Јанковски,директор на “Св.Кирил и Методиј “.

Иако се работи за донација, поставувањето на фотоволтаични цетрали не е голема инвестиција и чини околу 20.000 евра и ние можеме да си го дозволиме тоа,но во државава има училишта кои немаат пари вели градоначланикот Пецаков.Како ЗЕЛС често бараме поддршка и помош од владата кога станува збор за електричната енергија.

Реклама

“Нас не оставија 8 месеци без никаква поддршка за тек во март 2023-та да добиеме некакви потпишување со АД.ЕСМ за субвенционирана струја за клучни институции и објекти.А иначе е тешко да,секако дека стравуваме.Ние поминавме една пеколна година  по однос на цената на струјата, посебно настрада Ј.П.” Водовод” каде што за една година генериравме долг од преку милион и 400.000  евра”-вели градоначалникот Кирил Пецаков

Голем дел посебно на училиштата во државава ќе се греат на нафта,што ќе биде големо оптеретување за општините бидејќи цената на нафтените деривати, расте.

“Се работи за берзански цени кои што зависат од разни геополитички ситуации,така да не сме ние кои што можеме да го предвидиме тоa” –Ристо Јаневски,претставник на енергетска компанија

Поставувањето на мини фотоволтаични централи е процедура која трае долго,затоа час поскоро треба да ја отпочнат и сите мали претпијатија и со тоа да приднесат за подбра ситуција во енергетскиот систем,соверуваат познавачите на приликите.

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски