Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

СДСМ и ДУИ се „разработеа“ на една година пред избори, договорија проекти тешки милијарди долари

Милијарди за автопати, милијарди за хидроцентрали. Во последната година од мандатот, власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милијарди за автопати, милијарди за хидроцентрали. Во последната година од мандатот, власта еден по еден склучува договори за мега проекти кои кријат многу контроверзи. Без доволен отчет пред јавноста, се стави параф на договорот со Бехтел и Енка, а како најново, се договори и изградбата на ХЕЦ Чебрен кој го добива грчката компанија Архиродон….Двата проекта чинат најмалку две ипол милијарди евра, а договорите за нивна реализација се уште не се познати за пошироката јавност. Стратегијата на власта е информациите во јавноста да ги соопштува дозирано, што според експертите отвора многу дилеми. Клучната е колку реално тие се во интерес на граѓаните, а колку на структури блиски на власта, со оглед на информациите кои се фирми и компании се вклучени во ззделките. Посебно онаа за изградбата на двата коридора. Дел од упатените  немаат дилеми дека власта не води грижа за интересот на граѓаните, а ниту ги интересираат забелешките од експертите:

На Премиерот на Македонија воошто не му е важен интересот на граѓаните . Што значи дека потпишувањето на штетни договори, еве на пример договорот за Бехтел и Енка кој сеуште не знаеме колку ќе чини и кој ќе го плати на крајот  , немаме анализа на тие коридори . Дополнително и за градењето на Чебрен . Договорите делуваат висококоруптивни и затоа не даваат експертската јавност да ги види, вели Пеќевски .

Според Пеќевски , јавниот интерес е на второ место по агендата која ја има власта и тоа се гледа во целокупниот начин на носење одлуки по разни клучни прашања за државата :

Реклама

Начинот на кој владее СДС и ДУИ е добро познат на граѓаните . Сето она што го прават вклучително и со носење на закони, лажно европско знамнце. Кажува колку се спремни се да направат за да ја истуркаат својата агенда без притоа да им значи мислењето на граѓаните на некој начин мислењето на експертската јавност , вели аналитичарот Синиша Пеќевски .

Најголемите проекти во Македонија власта ги реализира без да дознаеме детали за нив . Никој се уште не го видел договорот на 400-ти страници со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10 д. Допрва се одмотува клопчето и за условите во тендерот за изградба на ХЕЦ Чебрен, за кој експертите по енергетика веќе пресметаа дека ќе чини двојно поскапо од проценките во стратегијата за развој на енергетиката. Дополнително, нема одговор зошто власта се реши овој проект да го додели на странски концесионер, а не да го гради државата. Со ова според експертската јавност, власта прави двојна штета бидејќи државата и натаму ќе биде енергетски зависна.

Кристина Алексиеска