Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

„Еуровиа“ ќе ги гради автопатите – ќе биде подизведувач на „Бехтел и Енка“

„Еуровиа“ ќе биде подизведувач на конзорциумот „Бехтел и Енка“. Заедно со „АК…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Еуровиа“ ќе биде подизведувач на конзорциумот „Бехтел и Енка“. Заедно со „АК инвест“ и „Стентон градба“ од утре ќе ја почнат изградбата на делницата Гостивар – Букојчани, дознава А1он.

Овие три фирми подизведувачи се дел од најавените домашни компании на кои „Бехтел и Енка“ како изведувач им го има доверено извршувањето на дел од работите за почетокот на изградбата на најкомплицираната делница, која има и најмалку земјиште за експропријација.

„Еуровиа“ е фирмата која го доби тендерот за пренамена на спортскиот центар Борис Трајковски за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ. Документите за тендерот се на разгледување во антикорупциската комисија и во јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, откако излезе информација дека фирмата донирала на владејачката ДУИ, што пак беше демантирано од генералниот директор на компанијата, Елмедин Адеми.

Реклама

Името на тетовската „АК Инвест“ може да се види во „топ 10“ граджни компании кои во последните 15 години добивале државни пари преку тендери, но во последните шест години, компанијата на Азби Ибрахими ја нема во компаниите кои добиле најмногу пари од државата, а во последните 12 месеци има три активни договори добиени преку тендери.

Третата фирма подизведувач, битолската „Стентон градба“ заедно со „Еуровиа“, ја нема во „топ 10“ фирми кои добивале државни пари од тендери. Во последните 12 месеци има добиено 21 тендер, а сега, како подизведувач, ќе работи на изградба на делницата Госитвар – Букојчани“. Оваа фирма е една од најзвучните во Битола, која низ годините, на документи има сменето тројца сопственици: Пецо Стојаноски, Благој Крстевски и моменталната сопственичка, Снежа Стојаноска.

Како што објави А1он, изградбата на делницата ќе почне утре, со минирање кај селото Дебреше. Пред стартот на изградбата пак, ниту обвинителството, ниту антикорупциската комисија не излегуваат со детали, дали ги разгледале сите 400 страници од договорот на државата со американско-турскиот конзорциум, иако истиот го добија пред четири месеци.