Реклама

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Економија

Национална мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода, уништени се лозјата, оризот, пченицата, ресенското јаболко

Држвата да прогласи елементарна непогода, бараат од Националната мрежа на земјоделци. Временските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Држвата да прогласи елементарна непогода, бараат од Националната мрежа на земјоделци. Временските услови им го уништија овогодинешниот труд. Дождовите и високите температури се причина кај поголем дел од културите на отворено се појави и до 100% оштетување. Годинава ќе нема грозје, а со лош квалитет ќе биде оризот, пченицата, ресенското јаболко.

 „Се нансеоа катастрофални штети од поплави, болести, а имаше и присуство на град. Веднаш потоа имавме енормно високи температури што дополнително ги отежнаа условите за производство. Сега сме сведоци на сериозни оштетувања. Кај некој култури има забележано од 50 до 100%. Сега земјјоделците се наоѓат во една многу деликатна ситуација. Буквално не можат ни да ја поминат сезоната„ изјави Горги Каракашев, пртседател на националната мрежа на земјоделци.

Освен прогласување на елементарна непогода, Мрежата до Влада достави листа со осум барања, кои доколку се реализират значително ќе се подобри ситуацијата во македонското земјоделство. Бараат усогласување на цените како и ослободување од плакање на воден надоместок за оваа година, производни цени за сите култури, а оризот да стане стратешка култура. Од Националната мрежа алармират дека се ставени пред свршен чин и незаинтересираноста на власта само по себе ќе доведе во целост да станеме увозно зависни.  

Реклама

„Реално македонскиот земјоделец и земјоделие се во колапс. Може слободно да кажеме дека се во клиничка смрт. И ако не се интервенира и државата не помогне финансиски и технички, ние дефинитивно ќе немаме храна. Ќе се соочиме со дефицит од храна. Во наредниот период и тоа што го имаме ќе го загубиме и како држава ќе е станеме сто проценти увозно зависни„ изјави Горги Каракаешев од Националнта мрежа на земјоделци.

Иако листата со барањата е доставена пред десетина денови, од Мрежата велаат дека се уште немат добиено никаков одговор.

Според податоците на Државниот завод за статистика во второто тримесечје од оваа година откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3.254.746 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 3,4%. Значително намалување е забележано кај млечните производи за 76,7%.

Алексадра Ристевска