Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

Цените во Охрид научна фантастика за домашните, понормални за странските туристи, Хрватска ги спушти за хрватите, не и за тие од надвор

Во екот на летото цените на хотелско-угостителските услуги во Охрид се превисоки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во екот на летото цените на хотелско-угостителските услуги во Охрид се превисоки за и така плиткиот џеб на македонските граѓани. Охрид е туристичка стапица посебно за домашните гости кои доаѓаат на одмор во нашата туристичка мека. Но, не само домашните гости, туку и охриѓани укажуваат дека месното население во сред лето плаќа превисоки цени.

– Можам да речам дека од лани кога бев овде во Македонија, во Охрид е поскапо доста. Битола се разбира е поефтино.

– Пред 2-3 дена бев во овие кафичите што се покрај плажата овде,влегове во еден кафич и зедов јас една вода обична од 330 мл,син ми еден коњак и другото пријателче уште еден коњак ги плативме 800 денари, значи 800 денари.Тоа е нешто да не може човек да помисли.Можеби за странците е ефтино ова, ама за нашите граѓани од Македонија е многу високо, многу многу и на пазарот високи се.

Реклама

Но на странците кои на пример за топка сладолед издвојуваат од 100 до 120 дренари, не им се топи паричникот оти им е полн со пари, а и животниот срандард им е висок.

– Сега бевме на ручек односно вечера, цените се сосем нормални, едноставно цената е реална и во продавниците и во рестораните, така да сите пофалби за Македонија и Охрид.

За воља на вистината ова лето цените се далеку повисоки и во соседна Албанија која преку ноќ стана популарна дестинација со одлична реклама на странските медиуми каде ја нарекуваат Европски Малдиви. Во однос на цените силно критикувана е и Хрватска,но во последен момент тамошните гратски власти и туризмолозите се договорија, за домашните гости и месното население да има попуст од дури 30%, а ги намалија и цените дури и во најелитните хрватски летувалишта.

РТЛ:” На Хвар, еден од најскапите острови ,во стариот град во еден од најубавите и нај афтентични далматински места постои ресторан во кој кафето чини 1 евро”

А во Охрид, домаќините во сопствениот град живеат како туристи 365 дена во годината,па така првото кафе наместо да го пијат со поглед кон бистрите езерски води,погледот го вперуваат во домашното ѓезве, да не им претече кафето.Туризмолозите со поделени мислења, дали во Охрид треба цените да се поприземни.

“Мора да погледнеме што имаме во опкружувањето и која ни е конкуренцијата.Морам да презнаам дека сега пред една недела се вратив од Грција,цените ни се идентични со Грција, меѓутоа сервисот е далеку повисок. Апсолутно не треба да го продаваме Охрид за ниски цени,тоа не се слагам, меѓутоа треба да се подобри многу многу понудата”-вели универзитетскиот професор, Ангела Паскуале.

Интервенцијата на намалување на цените на услугите мора да биде во рамките на еснафот или на коморското здружување бидејќи безмалку во сите угостителски објекти цените се исти,што значи дека постои договор помеѓу сопствениците на угостителските објекти,а законите за конкуренција забрануваат картели,ценат дел од туристичките експети и сугерираат  да се намалат цените на угостителските услуги за да се подобри имиџот на Охрид како туристичка дестинација,барем за наредното лето.

Росица Голабоска