Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Ветија, не може да испорачаат – власта е виновна што Македонија останува заглавена на Европскиот пат

Власта е таа што на Македонија и стави вето за ЕУ. Таа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта е таа што на Македонија и стави вето за ЕУ. Таа удри потпис и даде ветување на Европската унија дека ќе ги внесе Бугарите во македонскиот Устав, но сега не може да го исполни тоа ветување. Токму неможноста да исполни тоа што го ветила, без да се консултира со опозицијата и народот, е кочницата за почнување преговори со Брисел. Вината не треба да ја бара кај опозицијата, туку во сопствениот двор затоа што повлече потег без да се изгради национален консензус. Според експертите, сега е веќе доцна.

  • „Да беше изградена една национална стратегија, опфаќајки ги сите кои живеат во нашата земја, тогаш немаше да имаме проблем ниту со Грција ниту со Бугарија. Меѓутоа обвинувањата сега се доцна, но и тоа што мене ми е чудно, но не знам дали грешам или не, ЕУ во моментов не е заинтересирана да се реши проблемот помеѓу Македонија и Бугарија. Изгледа и тие не се спремни да не примат сега во своето семејство. Тука ми е проблемот, дека ние, државата доцни во секој сегмент“ вели Азизи.

Според мислењето на Азизи, власта  игра на картата да се добие некој глас повеќе, а не да постигне единствен национален став за вака големи прашања.

  • „Треба да се гради еден национален консензус и да немаме веќе проблеми, да не се отвораат нови прашања – тоа е многу добро. Но, мислам дека во Македонија сите политички партии тоа го зборуваат за да добијат повеќе гласови. Уставните измени, за кои се обвинуваат дека една е проЕУ, другата е антиЕУ, јас не можам да проценам која е за ЕУ, кога ниту една политичка партија не работи на тоа. Кога се знае дека Европската Унија бара борба против корупцијата, бара демократија која ја нас ја нема“ вели Берат Азизи.

Без конкретен план, што ќе се случи доколку уставните измени не ги пројдат филтрите, партијата на Ковачевски тогаш ги прифати условите и ги направи образувачки за Македонија. Сега, кога заглави и ја втурна државата во почитичка криза и го уништи патот кон европа, власта упорно бега од избори на кои повикува опозицијата.