Реклама

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Економија

Бектеши бара Спасовски, Петровска и Шукова да ги повлечат изјавите за Иловица и Штука

Крешник Бектеши бара Оливер Спасовски, Славајнка Петровска и Каја Шукова да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крешник Бектеши бара Оливер Спасовски, Славајнка Петровска и Каја Шукова да ги повлечат изјавите за Иловица и Штука во кои тврдеа дека биле излажани односно погрешно информирани. Министерот од ДУИ бара колегите од СДСМ да се дообјаснат зашто вчера му рекле дека наводно нивните ставови биле погрешно протолкувани. Тврди дека ги доставил сите документи, а вчера само ја образложил хронолгијата на настаните.

-Можам слободно да потврдам, а очекувам тоа да го потврдат и другите колеги, дека Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда. Ние сме доставиле хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 до денеска во предлог-одлуката за спојување и образложение, тоа е доставено до Владата и не се менувало ниту информацијата ниту образложението. Ова е политичка Влада и се носат и политички одлуки“, рече Бектеши

Сепак, по силниот притисок од јавноста Владата ретерираше и вчера ја поништи одлуката за спојување на концесиите за Иловица и Штука. Крешник Бектеши бил против и не гласал, но другите го надгласале. Тврди дека сега сме се вратиле еден чекор назад и предупредува дека ваквата ситуација, да нема никаква одлука носи сериозна опасност од арбитража. Тој побара да биде донесен Акт со кој ќе се утврди дека потенцијалната инвестиција е спротивна на стандардите за заштита на животната средина, за да можело да се раскине договорот со концесионерот . 

Реклама

Ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ни негативна ни позитивна одлука , Министерството за економија инсистрира да се носи некаква одлука .  Не поседуваме никаков акт дека е одбиено некакво решение, некаков елаборат  и врз основа на кој акт кога го немаме, Министерството за економија ќе донесе предлог одлука за да го раскине договорот со инвеститорите. Имаме лепеза од можности за да имаме таков акт, вели Бектеши

Сега целиот процес се враќа на почеток. Еуромакс рисорисис се уште има две концесии и може повторно да побара спојување според законот за минерални суровини, а може и да се жали пред арбитражен суд.

Инаку на почетокот на месецов Владата донесе одлука за спојување на концесиите за рудникот Иловица – Штука, а откако целата јавност се крена на нозе а жителите на струмичко излегоа на протести, дел од министрите се правдаа дека колегата Крешник Бектеши не им ги дал вистинските информации и затоа така гласале.

Кристина Алексиеска