Реклама

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Економија

Бектеши: Министрите навреме ги имаа сите документи за концесиите за рудникот Иловица

Документите беа доставени еден ден пред седницата, а спојувањето на концесиите ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Документите беа доставени еден ден пред седницата, а спојувањето на концесиите , дури и да се ревидира одлуката, ќе останат и натаму во рацете на Еуромакс  поради претходната одлука од Управниот суд. Министерот за еконопмија на брифинг со новинарите информираше  како се одвивала владината седница , при што кажа дека расправа за точката за рудниците имало и траела 20-тина минути.  За предлог точката спојување на концесиите пред да се стави на Владина седница било добиено позитивно мислење од Секретаријатот за законодавство.

  Бектеши вели дека ако уште 100 пати треба да предложи одлука,  уште 100 пати предлогот ќе бил спојување на концесиите, затоа што така налагал законот, а во спротивно Еуромакс имале право на арбитража.  Доставувањето на предлогот се случил по трет пат .  Во 2018 година предлогот бил одбиен заради изборите, во 2019 година не добиле ни позитивно, ни негативно мислење .

Министерството за економија досега трипати бара спојување на концесиите. Тоа е во согласност со член 61 од Законот за минерални суровини. И 100 пати би го побарале истото! Во случајов за двете концесии имаме еден ист концесионер, а просторно, во рамките на втората поголема концесија, се наоѓа помалата прва концесија. Со непочитување на законот и неспојување на концесиите, ние ризикуваме да се најдеме пред арбитражен суд. Но спојувањето на концесиите, не значи дозвола за експлоатација, велат од Министерство за економија

Реклама

За споената концесија, Еуромакс има рок од 4 години да достави целосна документација , а ако не успеат во тоа или ако се даде негативно мислење од останатите ресорни министерства, тогаш Министерството за економија можело да даде негативно мислење за дозволата за експолатација .

Во меѓувреме , претседателот на опозицијата се сомнева дека „излажаните “ министри  ја говорат вистината . Ако било така, тие ќе побарале повторно гласање и поништување на концесијата

Она што е повеќе лицемерно и со двојни стандарди е фактот што вчера имаа седница на Владата, слушнавте ли некој од овие излажаниве дека бил гласен на седницата за да се раскине договорот за да не бидат излажани? Јас не слушнав. Имаше неколкумина членови на Владата кои рекоа дека биле излажани од страна на министерот Бектеши. Ако јас се чувствувам излажан логично е да излезам на седница и да кажам тој ме излажа и сакам тоа да не го поддржам и таа точка да се врати назад и да ја поништам концесијата. Јас не слушнав такво нешто од никој во Владата, а тоа е така зошто има многу лицемерие, многу криминал, двојни стандарди и многу корупција“ рече Мицкоски.

Ковачевски пак истото го повторува со денови , ако граѓаните не сакале, немало да има рудник . Документите Бектеши прво ќе ги донел на Влада а потоа и пред медиумите

Министерството за економија е задолжено на наредната седница да достави детална информација за сите одлуки, судски и управни постапки кои што се водени од 2012 година до денес, кажа премиерот.

И покрај сите најави дека на вчерашната владина седница Бектеши ќе ја донесе цела документација и сите судски одлуки пред неговите колеги, тоа не се случи зашто министерот беше во Америка . Владата му даде задолжение до вторник да ги донесе сите документи, Бектеши вели сите се веќе во Влада, а ќе биде доставена дополнително само хронологијата на настаните.

Кристина Алексиеска