Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Ако се прифатат барањата на компаниите, парното ќе поскапи за 54 отсто

За над 50 отсто би поскапело парното греење, ако има основ РКЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За над 50 отсто би поскапело парното греење, ако има основ РКЕ да ги прифати барањата на компаниите за топлинска енергија. Тие веќе ги доставиле пресметките до комисијата. Две од трите фирми за парно на ЕСМ бараат зголемување. Пресметки доставиле и ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Првиот човек на РКЕ, Бислимовски за Телма вели дека добро ќе се разгледаат нивните трошоци и за околу 10 тина дена, би се знаела новата цена на парното, која ќе важи од први август. ДДВ-то за топлинска енергија останува 5 отсто, и за сега нема најава дека ќе се менува.Дистрибуција бара зголемување за 50 отсто, снабдување за 54,2 проценти, а за производство, намалување за 29,42 проценти. Во постапка сме за разгледување, за 10 дена ќе знаеме што е, како е, се анализираат нивните трошоци. Ако се прифатат барањата за 54 отсто би било зголемувањето на цената на парното- вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.Каква ќе биде цената на гасот во следниот период, Бислимовски смета дека тoa ќе зависи од европските земји.Да видиме како и што ќе се случува. Најважниот дел е сега, дали европските земји ќе треба да ги полнат своите складови со природен гас. Ако има потреба од такво нешто, се очекува зголемување на цената, но не очекувам бројките да бидат луди, како лани – вели Бислимовски.