Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски: Министерот за здравство не е министер за циркус, наместо така да ги коментира маките на болните со цистична фиброза кои се борат за живот, да се фати за работа и да им помогне

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Штип и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Штип и увид во отворањето на кино во Општина Штип во рамки на акцијата

„Ова е Македонија за сите” одговарајќи на новинарско прашање за негов коментар околу тоа што министерот за здравство го нарекол шоумен пациентот со цистична фиброза што барал помош за својата ситуација, Мицкоски истакна дека срамно е тоа што го коментира министерот за здравство бидејќи тие луѓе се борат за живот за да преживеат.

Мицкоски потенцираше дека потребно е министерот за здравство да се фати со работа и да им помогне на пациентите, бидејќи тој е министер за здравство, а не е министер за циркус па да на тој начин ги коментира маките на луѓето кои се борат за живот.

Реклама

„Навистина е срамно тоа што го коментира министерот за здравство, бидејќи тие луѓе се борат за живот за да преживеат. Јас имам еден совет до министерот за здравство, да си ги прибере луѓето кои ги има пуштено по веледрогериите и компаниите кои соработуваат со министерството за здравство и во негово име бараат провизија од тие веледрогерии и компании кои соработуваат со министерството за здравство, бидејќи идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ многу сериозно ќе се позанимава со овие индиции, а богами и докази со кои располагаме”, изјави Мицкоски.