Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

На земјоделците им пука филмот – бараат вистински мерки и решенија за да нема протести

20 денари откупна цена за килограм пченица, враќање на субвенциите за оризов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

20 денари откупна цена за килограм пченица, враќање на субвенциите за оризов семенски матрејал и задолжителна откупна цена за сите земјоделски производи. Ова се трите барања кои деновиве Мрежата на индивидуални земјоделци ќе ги достави до Министерството за земјоделство. За одговор даваат рок од седум дена, во спротивно најавуваат протести.

„Производна цена, заштитна и економски оправдана цена. Доколку тие барања не ги исполнат ние ќе стапиме во генерален штрајк. Ќе им дадеме рок од седум дена. Овој пат нема да одиме во Скопје, да дојдат овде и да се договориме„ изјави Здравко Арсов од Националната мрежа на индивидуални земјоделци.

Од Националната мрежа од Инститот за земјоделство побарале, да ја утврдат овогодинешната производна цена на пченицата и пченката. Велат, дека секоја нова сеидба носи неизвесност за македонскиот земоделец. Ниската откупна цена, а големите давачки им го јадат трудот.

Реклама

„Наместо да не стимулираат, тие не дестимулират. Ќе ги напуштеме нивите, нема што да сееме. Дали е пченица, пченка или лозови насади, сите сме во исти кош ставени„ изјави Здравко Арсов, од Националната мрежа на индивидуални земјоделци.

Во тек на жетва на јачменот, земјоделците се незадоволни од откупната цена , која годинва за разлика од лани е за речиси 50% пониска. Стравуваат дека исто ќе се случува и со пченицата, која годинава поради обилните врнежи од дожд во одредени региони нема да го даде посакуваното количество на род.

Алексадра Ристевска