Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

За 4 години преку Мој ДДВ кај граѓаните се вратени 107,5 милиони евра

По повод  4 години МојДДВ, директорката на Управата за јавни приходи, Сања…

Сподели:

По повод  4 години МојДДВ, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска заедно со Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Клубот на пратеници оддржаа брифинг за новинари.

Пред присутните се информираше дека од воведувањето на апликацијата до денеска на апликацијата МојДДВ регистрирани се 538 919 корисници и тој број континуирано расте. На почетокот на мерката  во 2019 година, апликацијата имаше 213 055 корисници, во 2020 кон МојДДВ, се приклучиле нови 149 753 лица, во 2021 година апликацијата почнале да ја користат нови 74 668 лица, односно 70 314 нови корисници во 2022 година.

Во првите шест месеци од годинава, на апликацијата МојДДВ се регистрирале нови 31 129 корисници. Освен бројот на корисници, Лукаревска рече дека расте и бројот на скенирани  фискални сметки на остварен промет. Во 2020 година, остварениот промет изразен во фискалните сметки изнесувал 106,5 милијарди  денари, во 2021 година прометот изнесува 148,3 милијарди денари додека во 2022 година прометот од скенираните фискални сметки е 178,7 милијарди денари.

Реклама

Најмногу скенирани фискални сметки се оние издадени од ланците маркети и бензиските пумпи. Најголем број односно 74866  фискални сметки скенирала  Штипјанка, веднаш по неа е жителка на Валандово со 52 731 скенирана фискална сметка, а со 41 647 скенирани фискални сметки е жител на Кичево, потоа следат граѓани од Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија.