Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

Кочанските земјоделци бараат Владата да прогласи елементарна непогода – невремето ги уништи житните култури

По поплавите земјоделците бараат од Владата да прогласи елементарна непогода. Градот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По поплавите земјоделците бараат од Владата да прогласи елементарна непогода. Градот со големина на орев ги уништи зеленчукот и овошјето, а надојдените води ги поплавија посевите посеани со житни култури. Земјоделците стравуваат дека нема да можат да го соберат овогодинешниот род.

„Бараме од Влада да излезат на лице место и да прогласат елементарна непогода. Бидејќи оваа година е навистина посебна. Ни нема спас. Како што кажав и житариците сега не можат да се ожнеат, бидејќи комбајните не можат да влезат внатре, а житарицата е на земја„ изјави Тони Максимов, земјоделец од Чешиново-Облешево.

„И не знам како да влезам да ги ожнеам. Имам 3 хектари со житарица полвени. Ни со комбајн, ни со гасеница не може да се влезе„ рече Ангелчо Тасев, земјоделец од село Чифлик.

Реклама

Од денес и кочанчанци ќе може да пријавуваат штети предизвикани од невремето што викендов го зафати Кочани. Во Делчево пак работите полека се нормализираат. Постапката за пријвување на штети е веќе завршена. 150 граѓани пријавиле поплавување на подруми, мебел, а има пријави и за десетина поплавени возила. Во наредниот период Комисијата треба да излезе на терен

„Тој елаборат ќе биде даден на разгледување и усвојување од страна на  Советот на Општина Делчево, а пото ќе биде даден до Влада„ изјави Даниела Такева, портпарол на Општина Делчево.

Вчера Владата одлучи јавните државни претпријатија да ги санираат штетите на улиците и патиштата во општините Делчево и Крива Паланка. Според одлуката ќе бидат ангажирани Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта и Јавното претпријатие за државни патиштата. Во рок од шест месеци ќе треба да достават извештај за сработеното. 

Александра Ристевска