Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство, од полноќ, поевтинуваат за половина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство, од полноќ, поевтинуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.. Цената на „еуросупер 98“, се намалува еден денар, и од полноќ, ќе изнесува  82 денари за литар. За половина денар поевтинува „еуросупер 95“ и ќе чини 80 денари за литар. За половина денар по литар, поевтинува и  екстра-лесното масло за домаќинство, со што, новата цена ќе изнесува  67,5 денари. Се намалува и малопродажната цена на мазутот, за 0,57 денари, и сега ќе изнесува 39,6 денари за килограм. Цената на еуродизелот не се менува. Ова гориво, и натаму ќе се продава за 69 денари за литар.