Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

„Јагео“ ја објави најголемата инвестиција во Македонија

Делови и компоненти за „Тесла“ и „Епл“ произведени во  Македонија. Тајванската групација…

Сподели:

Делови и компоненти за „Тесла“ и „Епл“ произведени во  Македонија. Тајванската групација „Јагео“ ги обелодени плановите за проширување на инвестицијата во Македонија. Договорот кој беше потпишан во Тајпеј, го добива  епитетот најголема гринфилд инвестиција во Македонија. Со вкупен износ од 205 милиони евра и план за отворање на 3.900 работни места во период од десет години. Позитивното искуство од работењето на „Кемет“ на македонскиот пазар, кој пред две години стана сопственост на Тајванската групација била клучна за одлуката.

  • „Направивме многу истражувања во регионот, но две причини за нас беа пресудни да ја одбереме Македонија за оваа инвестиција. Првата беше досегашното 10 годишно искуство од работењето, но и позитивниот однос и поддршка што ја довивме од страна на владата. Дополнително за нас е важна стабилноста на државата, но исто така и квалитетот на работната сила“, изјави Дејвид Ванг, главен извршен директор на Јагео.

„Јагео“ планира да изгради два нови производствени капацитета, Едниот во Скопје, а вториот во Штип. Првично, фокусот ќе биде зоната во непосредна близина на метрополата каде изградбата треба да стартува во текот на наредната година.

За првиот човек на ТИРЗ, инвестицијата е од големо значење, не само поради фактот што е досега најголема, туку и што е добиена во конкуренција со земјите од регионот:

Реклама

Потписот на договорот преку видео конференциска врска го поздрави и македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој нагласи дека влезот на „Јагео“ на македонскиот пазар е за доброто на сите граѓани и додаде дека концептот на привлекување на инвестиции дава резултати.  

Инвестицијата на „Јагео“ отвора можности и за домашните компании кои добиваат можност да станат дел од снабдувачкиот синџир на компанијата:

„Јагео“ е основана во 1977 година и се смета за еден од најголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електроника. Има 49 производствени капацитети на глобално ниво со 40.000 вработени, со годишен обрт од над 4 милијарди долари.

Костадин Делимитов