Реклама

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

Економија

Ревизорите најдоа пропусти, неправилности и проблематични активности кај МЕПСО за 2021-та

Финансиските извештаи на МЕПСО не се реални и објективни – Државниот завод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиските извештаи на МЕПСО не се реални и објективни – Државниот завод за ревизија критикува дека Македонскиот електропреносен систем за 2021 необјективно реферирал во документацијата за неговото работење и со резерва ја цени усогласеноста со законските регулативи. Ревизорите предупредуваат дека во екот на енергетската криза, МЕПСО направиле повеќе недоследности и пропусти во равботењето што предизвикало милионски загуби и пенали за државата..

Според ревизорите, МЕПСО му исплатил 9 милиони евра на ТЕЦ Неготино за да биде подготвен за производство. Парите биле исплатени, но кога централата требала да произведува струја, конкретно среде најголемата енергетската криза, тоа не се случило.

  • Предвидено е АД ТЕЦ Неготино да ја чува расположливата моќност на термоцентралата само за потребите на АД МЕПСО, за кој период се исплатени 531.998.000 денари, од кои 219.778.000 се исплатени во 2021 година. Иако финансиски била помогната термоцентралата, при појавата на енергетската криза во октомври 2021, не е извршено нејзино активирање за производство на електрична енергија, стои во извештајот на ДЗР.

Ревизорот критикува и дека македонија платила пенали од 25 милиони евра поради неисполнетата обврска за домашно производство за потребите на трговците, која се надоместуваше со скап увоз од европската енергетска мрежа.

Реклама

Ревизорот констатира и дека МЕПСО не ја исполнил обврската за регистрација на целокупмниот иморт со кој располага. Тој утврдил и дека има разлики помеѓу сметководствената состојба, фактичката состојба и имотните листови  за трафостаници кои требало да бидат во заедничка сопственост на МЕПСО и ЕВН. Но на имотните листови за две трафостаници било впишано дека единствен сопственик бил само ЕВН, која истите ги искористила за да добие хипотека вредна 77 милиони евра што според ревизорот подоцна влијаело и врз цената за пренос на струја.

Освен ова, во ревизорскиот извештај потенцира дека Македонија и во иднина ќе остане увозно зависна за потербите на електрична енерргија и тоа со тренд кој ќе се зголемува:

  • Според прогнозите на АД МЕПСО што се однесуваат за периодот од 2025 до 2030 година, потребите на земјава ќе се покриваат со значителен увоз од околу 55 отсто од вкупните потреби на струја од причини што производството на електрична енергија се очекува да биде на ниско ниво од околу 3.600 гигават часови поради намалување на работењето на РЕК Битола“ се вели во извештајот на ДЗР.

Ревизорот предупредува дека ако нема сериозни инвестиции во електроенергетски капацитети, состојбата на Македонија во делот на потребите од увоз на електрична енергија драматично ќе се влошат.   

Викторија Миткова