Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Со енормно скапи репро-материјали, замрзнувањето на цените на земјоделските производи е погубно за производителите

Наместо со ад-хок замрзнување на цените на производите, земјоделците бараат Владата да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо со ад-хок замрзнување на цените на производите, земјоделците бараат Владата да им помогне со намалување на превисоките цени на репро-материјалите, кои долго време неконтролирано дивеат. Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот, не само што е бескорисно, туку е и погубно за домашните производители на храна, велат тие.

  • „Најконкретно, во моментов имаме случај кога буквално се бара главица кромид повеќе, а на пазарот ја нема, додека до пред некоја година бучинскиот кромид се фрлаше во центарот. Значи, се’ додека не се намалат цените на препаратите и не се задржат колку-толку пристојни цени на производите, ние ќе имаме намалување на производството. И ако сега зборуваме за недостаток на храна, верувајте дека за година-две, ние ќе зборуваме буквално за немање на храна“, – вели Васко Јосифовски, земјоделец од с. Трновци, битолско.

Лошите земјоделски политики на Владата, се најдоа во фокусот и на Трибината на Централната комисија за земјоделие при ВМРО-ДПМНЕ. Актуелното замрзнување на цените на раноградинарските производи е чист популизам, бидејќи како мерка е и задоцнета, и промашена, и како таква ни приближно не го решава длабокиот проблем, констатираат оттаму.

  • „Оваа мерка требаше да биде донесена многу порано кога Македонија јадеше увозна храна, зеленчук и овошје од надвор. Сега, во ситуација кога стасува домашното производство, практично е нелогично да се замрзнуваат цените затоа што ова производство беше произведено по високи цени. Владата требаше навремено да ги замрзне цените и на нафтените деривати, и на електирчната енергија, и на ѓубривата, и на препаратите за да имаме денес рентабилно производство. Со ова мрзнење само се уништува домашното производство кое и без тоа е на стаклени нозе“, – рече Цветан Трипуновски, претседател на Централната комисија за земјоделие при ВМРО-ДПМНЕ.

Според земјоделците од Пелагониско-Тиквешкиот регион Владата треба итно да интеревенира во земјоделието со директни, финансиски мерки, а не со краткорочни, популистички и штетни решенија.

Реклама

Каролина Дурло