Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Се трошат време и пари, се бројат жртви во сообраќајот –10 години се гради автопатот Кичево – Охрид

Додека не изгинеме сите немаат намера да го завршат автопатот Охрид-Кичево,кој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека не изгинеме сите немаат намера да го завршат автопатот Охрид-Кичево,кој се гради безмалку една деценија. Ова е автопат на трагедии,сообраќајки се случуваа постојано и ќе се случуваат бидејќи самиот пат е ризичен, а одговорност никако некој да сноси-реагираат охриѓани за неподносливо долгата изградба на автопатот.

Немам коментар, тоа е страшна работа. Да тргнеш од Скопје за Охрид, на оваа делница кога ќе дојдеш коса да ти се крени,многу е страшно.Нема околу заштита никаква.

Познавате друга држава во светот што 10 години еден пат не може да направи?Јас не верувам дека постои. Немаме капацитет како држава, или немаме знаење? Немаме ни организација,ни знаење; 2.Па пред се’ треба безбедност да се обезбеди,во секој случај ние касниме зад светот како држава и металитет.Ова што 10 години се гради и никако да се изгради? Па касниме тука во “сатчињата” наши 😉

Реклама

Иако и по три продолжувања на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на кој не му се гледа крајот, министер Бочварски уверува дека истиот ќе бил готов и пуштен во употреба до крајот на годинава. На 57-те километри од автопатската делница која требаше да биде готова во 2018-та, убедуваше дека работеле 900 работници,така пишувало во последниот извештај.Тој не сакаше дирекно да одговори дали изградбата на најскапиот автопат во Европа,  Охрид-Кичево ќеја надмине сумата од фантастични 600 милиони евра?

”Значи ние во моментот имаме таква договорена цена, јас не можам да прејудицирам за пониска или повисока цена, можам да кажам тоа што го имаме како договор помеѓу државата и изведувачите.”-вели министерот за транспорт и врски,Благој Бочварски.

Бочварски кој е убеден  дека автопатот ќе е готово за 9 месеци,призна дека сеуште се врши експропријација на земјиштето.Охридскиот градоначалник е скептичен дека со ваква динамика на работа, автопатот ќе биде готово до предвидениот рок.

”Ќе пушиме една лента колку да замачкаме очи, меѓутоа ние  со тоа не го решаме проблемот,туку се префрламе од една на друга летна, а суштински немаме никаков напредок а за жал се’ повеќе сообраќајки, се’ повеќе и повеќе луѓе го губат својот живот и од автопат кој треба да биде гордост на Mакедонија и кој што треба да го поврзува најголемиот туристички центар на Mакедонија со главниот град,добивме автопат на ужасот и хорор”-исканува Кирил Пецаков, градоначник на Охрид.

Додека државите од регионот грабат напред,Македонија не успеава со години да изгради еден автопат-ова го отвора прашањето дали нашата држава која за дебели пари,ангажираше и странски компании, има капацитет да го заврши автопатот? Бочварски вели градежните работи ќе продолжеле со засилено темпо кога ќе се подобреле временските услови и тогаш автопатот ќе се пуштал делница по делница.

Росица Голабоска