Реклама

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

Економија

Замрзнатите цени поголеми од ланските, власта чекаше да стигнат „до небо„, па да ги „бетонира„

Граѓаните нема да пазарат поевтино одколку минатата недела, а уште помалку во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните нема да пазарат поевтино одколку минатата недела, а уште помалку во споредба со лани. Цените на производите што сега Владата ги замрзнува, се многу повисоки отколку минатата година. Односно се чекаше да стигнат до небо, а дури потоа да се интервенира. Па така макароните во 2022 година се продавале за 45 денари, а во 2023 година достигнаа цена од 49 денари во просек. Сега и покрај тоа што се замрзнати на околу 33 денари, пак најскапите се речиси 50.  

Лебот годинава го плаќавме екстремно скапо, пред замрзнувањето имаше цена во просек од 45 денари, а во 2022 се продаваше најниско по 30 денари, што значи три денари помалку од актуелно замрзната цена. Па се поставува прашањето што воопшто на граѓаните им значи замрзнувањето, кога и тоа не е по најниската можна цена?

Јајцата во 2022 се продаваа во просек од 7-8 денари за јајце, а во 2023 стигнаа на речиси 11 денари за јајце . Сега цената се замрзнува на најскапо речиси 10 денари за јајце, пак поголема од лани.

Реклама

Вака испаѓа дека , ако граѓанин по замрзнати цени испазари 1 леб, 10 јајца, едно пакетче макарони,  едно млеко и килограм кашкавал ќе заштеди само околу 83 денари , во однос на тоа ако овие производи ги купел пред да замрзнат цените.

Дека веќе имаше огромно поскапување на прехранбените производи покажува и државна статистика.  Лебот за една година поскапел за дури 40 отсто, а млекото, сирењето и јајцата за 37 отсо. Инфлацијата не попушта и повторно во март имавме двоцифрена бројка односно 16,8 отсто.  Според пресметките на синдикатот, за да преживее едно четири члено семејство во февруари потребни се 50.909 денари , или над две минимални плати , но ако го слушаме министерот за економија, оваа пресметка била грешна  . Тој пресметал дека потребни се помалку од 2 минимални плати .

Кристина Алексиеска