Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Жените на работното место честопати се соочуваат со стереотипи и бариери, најтешко е во текстилниот сектор

Жените во 21 век не се еднакви, ниту пак ги уживаат правата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жените во 21 век не се еднакви, ниту пак ги уживаат правата загарантирани со закон. И по толку години од протестот на Клара Цеткин и Роза Луксембург текстилните работнички се уште се олицетворение на нарушени работнички права. Работат во просечни услови, ниски плати, неисплаќање на прекувремена работа. Родовата нееднаквост е длабоко изразена во приватниот сектор, смета преседателката на Гласен текстилец, Кристина Ампева.

„Се уште имаме жени работнички во целиот приватен сектор за кои кога работодавачот ќе разберер дека се бремени не им се продолжува договорот или се отпуштани. Ќе слушнеме и за случајот во Кавадарци каде 69жени иако им се должело три плати и придонеси, сепак судот одлучил дека треба да платат адвокатски судски трошоци и дека не се во право„ изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Последен пример за непочитување на работничките права е случајот со текстилните работнички во Кавадарци. Наместо исплата на трите неисплатени плати во висина од 130илјади денари и придонеси, 69те текстилни работнички од Кавадрци ќе треба да платат 20илјади евра за судски трошоци.  Во моментот се спрема жалба до Апелација посочуваат од здружението.

Реклама

„До утре е рокот. Денес треба да ја испратиме. Се прават притисоци, но благодарение на медиумите, случајот не остана на ниво на Кавадарци, туку даде поддржка целата македонска јавност. Ние остануваме да го следиме случајот и да  ја бараме правдата за тие работнички„ изјави Кристина Ампева, од Гласен текстилец.

Во рамки на одбележување на денот на жената денеска во Штип, Гласен текстилец го промовираше новиот мурал кој ќе биде симбол за родова еднаквост и поголеми работнички права во текстилната индустрија.

Александра Ристеска