Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Владата нема слух за барањата на бизнис заедницата, сепак ќе наплаќа данок за екстра профит

И покрај негодувањето на бизнис заедницата, Владата го усвои  таканаречениот Закон за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај негодувањето на бизнис заедницата, Владата го усвои  таканаречениот Закон за солидарност со кој компаниите ќе плаќаат данок на екстра профит. Законот кој треба да го помине собранискиот филтерќе ги опфати сите сектори кои во последната година оствариле поголем профит од просекот кој ќе биде земен од последните 4 години.

Според Министерот за економија Крешник Бектеши , ако ЕУ ни дала 80 милиони за економска поддршка, сме морале и ние да покажеме подготвеност , па за полнење на државната каса, Владата одлучи да удри по компаниите со Законот за солидарност. 

 Ако знаеме дека ЕУ за нашата држава обезбедила 80 милиони евра во делот на справување со енергетската криза, секако дека ние треба да покажеме посветеност и тие кои направиле дополнителни добивки да плаќаат повеќе споредбено со тие кои биле целосно поддржани од страна на државата за да опстојуваат и да ги зачуваат работните места, објасни Бектеши.

Реклама

Бектеши уверува дека екстра профит ќе плаќаат и компаниите кои се во секторот енергетика, а постојат една или помалку од една година .

Уште од најавата за законското решение бизнисот силно алармираше дека ваквиот данок не е фер затоа што ако некој успеал да заработи со ограничени ресурси за време на корона кризата и енергетската криза сега тие пари им се одземаат, и дополнително ваквиот данок може да ги одбие странските инвеститори. 

Дополнителен удар за компаниите е и растот на каматните стапки кај банките , со оглед на растот на основната каматна стапка од страна на Народна банка. За една година, каматните стаки според пресметките на Народна банка се зголемиле од од 3,22 проценти на 5, 02 процент. Ако се земат во предвид не толку оптимистичките прогнози на експертите, предвидувањата се дека каматните стапки ќе растат.

Кристина Алексиеска