Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Бизнис со струја – по синовите на Заев и Ахемти и сопругата на Ковачевски и таткото на Бочварски основа фирма

Бизнисот со струја најатрактивен за политичарите и нивните семејства. По Заеви, Ковачевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисот со струја најатрактивен за политичарите и нивните семејства. По Заеви, Ковачевски и Ахмети  со производство на струја ќе се занимава и  таткото на  министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Венцислав Бочварски, е управител на  новоформираната фирма за производство на елекрична енергија Техно Енерџи, објавува порталот Фактор. Сопственик на новата фирма е Техноинвест Штип , која се наоѓа на истата адреса каде живее Венцислав Бочварски , таткото на Благој Бочварски.  Основна дејност на Техноинвест е специјализирани градежни работи, според податоците во Централен регистар, а изгледа дека семејството сега влегува во нови дејности.

Фирмата поднела барање за основање на 10 јануари, и за сега  не е познато  на кој начин ќе произведува електрична енергија, но  најпримамлив бизнис во последно време се обновливите извори на енергија.

Реклама

Во сред економска и енергетска криза цените на берзите за слободен пазар  рушеа рекорди, што ги направија атрактивни за голем број инвеститорти , а по се изгледа е доста примамлив за македонските политичари од актуелната власт.

Пред таткото на Бочварски, во бизнисот влезе синот на лидерот на ДУИ , Али Ахмети, Шкумбин Ахмети кој е  споственик на фирма за производство, трговија и услуги со седиште во Зајас.

Високо исплатливиот бизнис стана интересен и за сопругата на Премиерот Ковачевски која стана дел од секторот и сака да гради соларна електрана во Радовиш. Сопругата на Премиерот влегла во бизнисот со струја преку косопствеништво со комапнијата „ Сол груп 5 ДОО Скопје, ама ова немало врска со нејзиниот сопруг , зашто инвестирала нејзини сопствени средства.

Тоа е нејзина инвестиција која што ја има направено со сопствени средства“ – одговори Ковачевски, на 13.12.2022

И семејството на претходникот на Ковачевски се интересира за производство на струја. Синот на поранешниот Премиер Зоран Заев, Душко Заев тргна по стапките на кумашинката, чичкото и неговиот татко па влезе во бизнисот. Душко Заев,  само што наполна 18 години стана сопственик на компанијата Тотал Енерџи за производство на електрична енергија, а Зоран Заев ја потврди информацијата дека син му ќе продава струја од фотонапонски централи.

Кристина Алексиеска