Реклама

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

Економија

Владата му ги одзеде броилата на локалното „Енерго Прилеп“, прилепчани ќе плаќаат повисоки сметки

Заради одлуката на Владата од месец ноември да му се одземат ингеренциите…

Сподели:

Заради одлуката на Владата од месец ноември да му се одземат ингеренциите на локалното ЈП „Енерго Прилеп“ за стопанисување со броилата за јавно осветлување, а кое што имаше повластени услови за плаќање на електричната енергија за уличното осветлување, прилепчани во новата година ќе плаќаат значително повисоки сметки за оваа услуга.

  • „Со огромно жалење морам да истакнам дека донесовме и една непопуларна одлука, односно одлука која што ќе значи зголемени сметки за јавно улично осветлување. Во разговори со градоначалникот се прават напори оваа одлука ако може да се смени. Ќе има интервенции и преку ЗЕЛС. Меѓутоа, за да не ја ставеме општината во правен вакуум, не дај Боже да се случи, иако имаме ветување од ЕВН дека 90 дена ќе не’ снабдуваат на слободниот пазар со електрична енергија, ние не сакавме да ризикуваме и преминавме на ваков непопуларен чекор“, кажа Дејан Проданоски, претседател на Советот на општина Прилеп.

Според Проданоски, најтрагичното во ваквата владина одлука било тоа што биле анулирани евидентните позитивни ефекти додека со овие броила стопанисувало ЈП „Енерго Прилеп“ и кога заштедата на општината, за неполни три месеци била над 200 проценти.

  • „Со ова се прави серизен удар врз средствата од граѓаните, односно сметките ќе бидат далеку повисоки од она што во овие три месеци успеавме да го заштедиме како Општина со трансферирањето, односно со предавањето на броилата на ЈП за енергетски дејности“, посочи Проданоски.

Инаку, оваа принудна одлука за зголемување на сметките за јавно улично осветлување, прилепските советници ја донесоа на последната седница на Советот, одржана на два дена пред Новата година, со единствена цел да не се ризикува и градот да не остане во мрак.

Реклама

Каролина Дурло