Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

ЕСМ набавила струја за 800.000 евра поскапо од сумата што би ја платиле ако ја купиле по цените на „ХУПЕКС „ берзата

ЕСМ платила  2 милиони евра набавка на електрична енергија од трговци за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЕСМ платила  2 милиони евра набавка на електрична енергија од трговци за четири дена. Ако струјата се набавеше на берзата ХУПЕКС ќе чинеше 800. 000 помалку. Дополнителната набавка била направена поради неработењето на блок 1 во РЕК Битола и застојот во ТЕЦ Осломеј одговорија од ЕСМ, наспроти тврдењата од Влада дека имало зголемено домашно произовдство.

ЕСМ Продажба и овој пат како и секогаш претходно објави повик за набавка на одредена количина електрична енергија потребна за дополнителните снабдувања по одлуки на Влада, а за што се појави потреба поради привремениот застој на Блок 1 во РЕК Битола, кој денес е вратен на мрежа и застојот во Осломеј, кој се очекува да се врати на мрежа во следните неколку дена. На повикот беа поднесени понуди и избрана е најдобрата понуда во однос на цената, одговорија од ЕСМ на прашање од АЛФА.

Од владата пак  тврдат дека недостатоците  се покривале со зголемено домашно производство и со хидро потенцијалот, што ја отвора дилемата зошто имало потреба од дополнителни снабдувања.

Реклама

Недостатоците се покриваат од зголеменото домашно производство и од Хидро електраните . Хидро потенцијалот е на 25 отсо, рече Андонов.

Високите суми за мегават часови ЕСМ ги плаќа на три фирми.  За периодот од 26.12 до 01.01. 2023 набавена е електрична енергија од фирмата ДАНСКЕ Комодитис по цена од 158,89 евра за мегават час за 10.500 мегават часови што државата ја чини над 1 милион 660 илјади евра.  Денешната цена на берза e околу 51 евро, ама ЕСМ ја откажала набавката за денеска.

За набавка за само едно деноноќие од 27 – 28 декември потрошени се 281, 520 евра за 1.440 мегават часови. Електричната енергија е набавена од фирмите ГЕН- И продажба , ЛУФЕРКО МК И ЛАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ . Андонов соопшти дека Во 2021 и 2022 на  ЕСМ  се префрлени 260 милиони евра за елеткрична и топлинска енергија.

Кристина Алексиеска