Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Собраниска седница за Предлог буџетот за 2023 година

Буџетот за 2023 година на пленарна седница – за власта развоен ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот за 2023 година на пленарна седница – за власта развоен , за опозицијата нереален и инфлаторен.  Владата го испрати Буџетот до Собранието со вградените амандмани по комисиската расправа. Од 200 амандмани кои беа предлог на ВМРО – ДПМНЕ , Министерството за финансии прифати  само 6. Буџетот за следната година кој е проектиран на рекордни 5,3 милијарди евра, за власта ги лоцирал приоритетите, и бил скроен за полесно пребродување на енергетската и економската криза, а ќе се внимавало парите на граѓаните да се искористат каде ќе даваат најголеми ефекти

– Целта на Предлог – Буџетот за 2023 година е да помогне во ублажувањето на последиците од енергетската криза, да обезбеди непречено финансирање на евроатлантските интеграции, исполнување на НАТО стандардите, но и да постави основа за економско заздравување и да обезбеди забрзување на економскиот раст. Овој Предлог-буџетот е дизајниран за исполнување на определбата за фискална консолидација и обезбедување на фискална одржливост, додаде Бесими.

Од вкупно 4,6 милијарди евра кои  Владата планира да ги собере, најголем дел ќе бидат даноци односно пари од  граѓаните и фирмите.  За Вмро- Дпмне  ова е  најголем буџет што во една реченица се опишува како буџет за склучување на договори во четири очи

Реклама

Владата планира да направи класичен арач и репресија врз даночните обврзници. На тој начин власта планира да собере 28 милијарди денари повеќе по основ на даноци, приходите од данокот на личен доход планираат да ги зголемат за 26 проценти или 65 милиони евра повеќе, а размислуваат за дополнително оданочување на производи како и за повторно враќање на зелениот данок рече Бојан Стојаноски од ВМРО- ДПМНЕ

Историски највисокиот буџет ќе донесе и рекордно задолжување. Догодина ќе се задолжиме за дополнителни 700 милиони евра, односно дефицитот ќе изнесува 4,6 проценти од бдп, а пари ќе позајмуваме главно од странство.  Само за стари долгови , Македонија има за враќање   над 1 милијарда евра. Амбициозниот буџет на власта предвидува и 800 милиони евра капитални инвестиции.  Проекциите се дека економијата до година ќе расте 2,9 проценти, а инфлацијата е проектирана на 7,1 процент. Расправата на пленарната седница трае максимум пет дена.

Кристина Алексиеска